„Временска капсула“ е рубрика посветена на траги од минатото што лесно можеле да исчезнат: стари весници, заборавени места, бендови, фестивали, графити, фотографии, архивски документи, филмови, научни достигнувања и секојдневни приказни од различни периоди.
Голем дел од текстовите се засновани на исечоци од весници, фотографии, огласи и други архивски материјали споделени во фејсбук-групите „Временска капсула“ и „Вчерашни вести“. Тие често претставуваат почетна трага за натамошно истражување, проверка на податоците и реконструирање на пошироката приказна зад еден навидум обичен документ или фотографија.
Со текот на времето, рубриката прерасна во отворена архива на урбаната и културната меморија на Скопје и Македонија. За полесно пребарување, сите досега објавени текстови ги поделивме во девет тематски целини: урбана историја, архиви и медиуми, музика, ретро вести, филм и книжевност, наука и технологија, како и три посебни области посветени на графитите и уличната култура.
Урбана историја, архитектура, инфраструктура и исчезнати места
Градовите постојано се менуваат, но зад новите фасади често исчезнуваат места, објекти и приказни што некогаш биле дел од секојдневниот живот. Овие текстови ги истражуваат урбаните слоеви на Скопје и на другите македонски градови – од заборавени локали и топоними до архитектура, инфраструктура и простори пред исчезнување.

- Буњаковец, минато и небиднина: работилницата на Боро меѓу историјата и багерите
- Аркадија: сендвичарата што го хранеше Скопје до пред зори во 1990-тите
- Прошетка низ Старата скопска чаршија во потрага по старите табли, дуќани и исписи што исчезнуваат
- Ретро вести: визијата за Скопје од 1929 година што може да нѐ засрами денес
- Урбана археологија: „Ванила“ – од времето на „Валенсии“ и јадењето бурек со две виљушки
- „Домче“: како Драчево ја изгуби својата спортска дневна соба
- „Скопје, живееш ли?“ Железничката станица: помеѓу ’рѓата и бојата
- Железничка станица помеѓу архитектурата и распаѓањето: графити, олдтајмери и скриените приказни на МЖ
- Нови информации за „авиончето“ во Парк Авионче: што всушност стои таму и од каде дошло?
- Кој модел е авионот од Парк „Авионче“ во Аеродром?
- „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов – урбана скопска картографија од ситници и сенки
- Урбана археологија на Велес, ден 2 и 3: мостови, графити, анархија и вулканизерот Јовица
- Урбана археологија на Велес, ден 1: рид за екстремен спорт и порти за џинџуџиња
- Скопје и историските чуда: епска сага за патот Пинтија–Драчево!
- Скопски топоними: „Самоисхрана“
Печат, медиуми, архиви, дигитализација и колективна меморија
Весниците, списанијата, фотографиите и архивските документи се сведоштва за времето во кое настанале. Во оваа целина се собрани текстови за историјата на македонските медиуми, зачувувањето на културната меморија и современите начини на дигитализација, пребарување и повторно оживување на архивските материјали.

- БОПС 81: Кога Скопје било центар на светското борење
- Летечката двојка на „Журнал“ и обичните-необични луѓе од 1970 година
- „Временска капсула: стари фирми и натписи“ – нова група за визуелната меморија на градовите
- Од еден „Лик“, до многу ликови: како едно заборавено издание отвори многу други приказни
- Ретро вести „Лик“ бр. 1, февруари 1947: како изгледа раната пропаганда на новата македонска држава
- (Пред)почетоците на ТВ Скопје (1962–1965)
- Првиот број на „Вечер“ од 1963 година и раѓањето на новото Скопје
- Персонализиран чет-бот како асистент во архивирањето
- Системот „пиши-бриши“: како сопствената историја ја претворивме во потрошен материјал
- Цела печатница на едно биро: скопска техно-романтика од 1989 година
- Македонскиот јазик во транзиција: анализа на случајот „Пионерски весник“ од 1945 година
- Додека институциите спијат: направивме OCR алгоритам за стари весници на македонски кој ги победи комерцијалните гиганти
- ВЕЧЕР ПРЕД „ВЕЧЕР“: избришаниот прототип на Бранко Заревски
- Временска капсула: нова група на Арно.мк како архива на колективната меморија
- Временска капсула: отворен архив
- Што беше тоа „Точка“, до каде стасавме и каде одиме во културата?
- Повик до библиотеките за важноста на вистинската дигитализација
- Времеплови: алатка за интерактивно истражување на минатото
- Логомотива.мк, ризница на македонскиот графички идентитет
Македонска музичка историја, бендови, фестивали и клубови
Македонската музичка сцена е составена од многу познати, но и одамна заборавени имиња, места и настани. Овие текстови ги реконструираат приказните за бендовите, музичарите, фестивалите и клубовите што го создавале звукот на различни генерации.

- Алтернативно Скопје во 1990-тите: интерактивна мапа
- „Поп-Топ“ во „Дистопјанка“: звучна архива на едно исчезнато Скопје
- „Скрб“: заборавениот скопски акустичен рок-состав и неговото музичко семејно стебло
- „Скопје 70“: ретро-приказна за еден амбициозен фестивал
- Струмица што не исчезнува: од еден исечок од весник до заборавената сцена на еден град
- „Духот на ВБУ“: како еден АИ модел може да стане хроничар на македонската музика
- Архива на електричниот пркос: дефинитивен попис на македонските бит-состави (ВИС-ови) во 1960-тите
- Ретро вести (15 ноември 1969): „Скопје 69“, кога Скопје сонуваше да биде Санремо
- 1963 година: звукот на обновата – првите рок-состави во Македонија
- Ретро вести (26 јуни 1968): Скопје фест, кога Универзална сала беше лабораторија за забавна музика
- Треска: фабрика што некогаш произведувала и звук
- Клубска легенда на македонскиот блуз-рок: Банкрот блуз бенд (1989–1995 / 2020–)
- Ретро вести: Никола Галевски, првиот човек на првиот македонски народен оркестар
- Уметноста како временска капсула: спотот „Може, може, може“ на Дупер и ретро-футуризмот на Природонаучниот музеј
- Корени под асфалтот: Two Sides & Denny Te Chuva панк/рок родослов
- 30 години Суперхикс – акустичен концерт и изложба со визуелен музички родослов
Ретро вести, секојдневие и општествена историја
Старите вести не зборуваат само за големите историски настани, туку и за секојдневните грижи, навики и апсурди на луѓето. Преку весникарски исечоци и архивски записи, овие текстови нудат слика на општеството, јавниот живот и духот на времето.

- Ретро вести 1992: кога Скопје остана без млеко
- Југославија без филтер: украден Пикасо, продаден мост, јагне за возачка и магаре во продавница
- Читање на општеството во 1951 година преку спортските резултати
- Ретро вести: 18 јануари 1978 година – анатомија на едно исчезнато општество
- Ретро вести: Аполо 10 во Скопје, 16.09.1970, втор дел – што паметат сведоците
- Ретро вести: 01.09.1970, еден ден во исечоци од минатото на Скопје и Македонија
- Ретро вести: 16.09.1970 – кога Аполо 10 слета во Скопје, градот растргнат меѓу изградбата и заборавот
Филм, книжевност, јазик, дизајн и културни есеи
Филмовите, книгите, јазикот и визуелната култура се истовремено уметнички дела и временски капсули. Во оваа целина се собрани текстови што ги поврзуваат културната историја, личното сеќавање, дизајнот и промените во начинот на кој ги создаваме и толкуваме приказните.

- Времеплов низ наградата „Роман на годината“ со нов член: „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, Роман на годината за 2024!
- Од будистичката мудрост до квантната физика: лично патување низ дигиталната непостојаност
- Машините што создаваат приказни: од „Clerks“ до дигиталната уметност во Македонија
- Филмот како временска капсула: „Томе од бензинската пумпа“
- Четири книги од едицијата „Фактопедија“ на Бранко Прља на англиски јазик
- Времеплов низ наградата „Роман на годината“
- Македонски говори: малешевско-пиринскиот дијалект
- Кои македонски филмови се снимени според домашни литературни дела?
Наука, технологија, вештачка интелигенција и астрономија
Историјата на науката и технологијата во Македонија содржи значајни личности, институции и достигнувања што често остануваат надвор од пошироката јавна меморија. Овие текстови ги истражуваат домашните траги во астрономијата, роботиката, вештачката интелигенција, природните науки и технолошката култура.

- Македонската трага зад легендарното лого на Commodore: кој бил Крис Јанев?
- 100 години институции, едно непотполно досие: Станко Караман
- АИ, Македонија и 25 години Википедија: борба за видливост во глобалното знаење
- Неверојатната и по малку трагична историја на астрономската опсерваторија во Македонија
- Признание за пионерската улога на Македонија во првата контрола на робот со човечки мозочни сигнали во светот
- Адријан Божиновски за првите чекори на развојот на вештачката интелигенција и роботиката во Македонија
- Времеплов низ развојот на астрономијата во Македонија
Графити: архиви, историја, изданија и проекти
Графитите се минлива уметност, па нивното фотографирање и архивирање е единствен начин да се зачува нивната историја. Оваа целина ги следи развојот на македонската графити-сцена, архивските иницијативи, изданијата, изложбите и проектите посветени на уличната култура.

- Графит.мк, 2 години архива на СК/МК графити
- Ретро графити: Скопје 2004 низ објективот на NDRJ
- Скопски ретро графити: „Графитите меѓу нас“ („Вечер“, 1989)
- Графити во Македонија: првата оригинална Википедија статија за домашната улична култура
- Скопски ретро графити: архивски траги од 1990-тите низ архивата на „Фонија“
- Графити приказните на Арно.мк сега и на англиски
- ГРРФТ – магазин за графити и урбана култура
- Vagabundler во Скопје: македонската графити сцена на светската мапа
- „Ѕидови што зборуваат: графити приказни од скопските улици“ – нова книга на Берт Стајн
- Графит.мк, 1 година од архивата на СК/МК графити
- Графити времеплов: плакат за 30 години македонска улична уметност
- Скопски ретро графити: поглед од 1989 година
- СК/МК графити приказни
- „ГРРФТ“, македонски магазин/фанзин за графити
- „Графит.мк“, нова група за споделување и архивирање графити во Македонија
Графити во градскиот простор, филмот, музиката и литературата
Графитите не постојат изолирано од градот, туку стануваат дел од неговата архитектура, филмови, музички спотови и книжевни приказни. Овие текстови ги разгледуваат нивните врски со конкретни маала, објекти и културни дела, како и начинот на кој уличната уметност го менува значењето на просторот.

- Охрид повторно црта: новиот бран на графити сцената по 2021 година
- Графити како сценографија во спотот Bolji Zhivot на Dre x Puka Kozmetika x DJ Slave
- Графити и возила – симбиоза на уметност и урбано движење
- Графити Маало, уметноста и вандализмот „во филм“
- Од „сендвич со петка“ до „Луксузна локација“: графити и урбаниот хаос на „Буњаковец“
- Храм на графитите на кулите карши Соборниот храм
- Графити како сценографија во филмот „Снежана на крајот умира“
- На маргините на сеќавањето: Дебар Маало во графити
- Графити приказни и урбани сеништа од „другата“ страна на кејот
- Зелен пазар меѓу тезги и графити: пластични домати и бетонски пораки
- Празни ѕидови, полни сеќавања: потрага по графити низ Маџари
- Боја и бетон: графити на кулите во „Лондон Маало“
- Графити галерија на ул. Илинденска: место каде минатото и небиднината се преплетуваат
- Графити во Т.Ц. Скопјанка: меѓу капитализмот и распаѓањето
- Флим, Бела ноќ и графитите под Железничка станица: втор дел
- Бетонска галерија: графити под новата Железничка станица
- Хром, приказна за еден урбан графитџија и неговиот графити шоп во градот Скорне
- Графити во Струга. Димитрие Дурацовски. Горан Ристовски. Толку.
- „Пред дождот“, 1994-та, филм, графити, уметност и македонска реалност
- Графити на патот Пинтија–Драчево, за трајноста, привременото, уметноста и политиката
- Скопскиот кеј и графитите од „другата“ страна на Вардар
- Најголем графит во Македонија!
- Графит-приказна за Рајна Мичуринска која ќе ви ја стопли душата