За нас

ШТО Е АРНО.МК?

Арно.мк е анти-портал! Не известуваме за да бидеме популарни или за лесна забава, за публика која сака да си го потроши времето пред компјутер или на телефон додека чека да заврши работниот ден – ние не сме пасијанс на новата генерација!

Но, нашите текстови, иако зборуваат за комплексни работи, преку квантата физика до темната материја, од теориите за настанувањето на животот до предвидувањата за крајот на универзумот – ние сето тоа го правиме на концизен начин, со јасен јазик, поткрепено со интересни факти, како и придружено со линкови и поучни видеа.


Она што особено нѐ интересира е екологијата, зашто без здрава средина за живеење нема да биде ништо арно. Главните и одговорни уредници на Арно.мк се воедно и автори на популарните еко-групи „Дај, не фрлај!“ (со 40.000 членови), „Кеса не, благодарам. Торба си носам!“, „Не фрлај, не загадувај!“, “И јас одам со велосипед на работа” и „Еколошко, евтино, ефикасно!“. Сите овие групи градат една цврста заедница на луѓе кои се грижат за концептите на подарување, помалку купување, реупотреба, намалување на отпад и правилно селектирање, користење еколошки производи и општа грижа за околината.


Ние не сме фејк! Нашите текстови не се преводи на соседните портали и сите се оригинални и навистина наши. Се разбира се користиме со разни извори од изобилието на информации на интернет и секогаш истражуваме нови теми. Во тимот имаме наградувани професионални писатели и текстописци, членови на ЗНМ и ДМП, дипломирани технолози, архитекти, лингвисти, па дури и магистри по безбедност и кризен менаџмент, кои ни помагаат да ја браниме нашата идеја со жар и решителност!

Зошто го правиме ова? Затоа што не со лошо, туку со арно се менува светот!