Како се снимаат холивудски филмови во време на Ковид-19? Се разбира, со многу пари!

При снимање на само еден филм Холивуд троши 10 милиони долари за мерките за безбедност на филмската екипа, придружено со тестирања за секој член три пати неделно, т.е. вкупно 18.000 тестови.

Колку е подготвена да вложи Македонија за да ја гарантира безбедноста на учениците, нивните блиски и наставниците во случај на отворање на училиштата? Како што веројатно знаете, настава со физичко присуство на деца (веројатно) ќе има за 1-3 одделение, како и (веројатно) за тие училишта кои бараат и ги исполнуваат условите за ваква настава. Додека чекаме надлежните да решат и одговорат на деталите на ова прашање, да видиме како Холивуд се враќа во акција, по пет месеци пауза.

Њујорк Тајмс пренесува дека кога бил сниман филмот “Jurassic World: Dominion,” продукциската куќа Universal изнајмила цел хотел само за филмската екипа. Хотелот бил опремен со станици за дезинфекција, мерење температура и многу медицински сестри. Сето тоа е придружено со голем прирачник за тоа како треба да се сервира храната, која е во вакумирани кеси и се служи зад пластини бариери. Само за безбедносните мерки се потрошени 10 милиони долари.

Се разбира, поради големиот број случаи на Ковид-19 во САД, и особено во Лос Анџелес, снимањето се одвива во Европа, поточно во околината на Лондон.

Сите главни филмски работници се дел од т.н. „Зелена зона“ во која заедно со работниците во хотелот се тестирани три пати неделно за вирусот Ковид-19, благодарение на 18.000 тестови, а филмскиот сет се стерилизира со т.н. „антивирусна магла“. Но, пред воопшто на некој да му биде дозволен влез во зелената зона, треба да биде подложен на двонеделен карантин.

Се чини дека кога имате (многу) пари, ништо не е проблем! Се разбира, нашата земја ќе се поштеди од голем ризик и трошок ако се држи до идејата дека онлајн настава за сите (деца и наставници) од дома е единствено логично решение. Нашите аргументи се изнесени веќе неколку пати на порталот арно.мк и се многубројни, прочитајте ги!


1. Земјите во развој не треба да ги отворат училиштата!
2. Ставот „на наставничките местото им е во училница“ во време на пандемија е шовинистички колку и изјавата „на жената местото ѝ е во кујна!“
3. Нема доволно компјутери за онлајн настава? Групата „Дај, не фрлај!“ нуди решение!
4. Онлајн наставата е единственото добро решение за учениците, наставниците, родителите и сите останати!
5. Пет прашања за маските против Ковид-19 за деца на кои никој не размислува!
6. Дали бабите и дедовците треба да ги фрлиме на буништето на историјата наречена Ковид-19?
7. Училиштата треба да останат затворени, и така не ги бива!
8. Онлајн наставата е единствено (паметно) решение за нашата средина
9. Десет нерешливи проблеми со „комбинираната настава“
10. Овој притисок за отворање на училиштата е загарантирано осуден на неуспех!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *