Дали бабите и дедовците треба да ги фрлиме на буништето на историјата наречена Ковид-19?

Науката е децидна во фактите – децата се најчести преносители на Ковид-19, а притоа се многу често асимптоматични што ги прави опасни за општата популација. Од друга страна, постарите се најранливи и најчести жртви на истиот вирус. И додека странските медиуми се занимаваат со начини како да ги заштитиме постарите, ние ќе ви пренесеме една поговорка од англискиот јазик:

„Постарите луѓе се нашата врска со историјата.“

Ја споменуваме оваа поговорка во контекст на притисокот за класичната настава од страна на одредедни родители во нашата средина. При тоа, морам да истакнам дека онлајн наставата е проблематична од ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА причина: родителите немаат можност/време/волја да седат со децата дома и да ги потсетуваат дека е време за учење. Ако родителите немаат време, кој ќе ги зема децата дома по скратената настава? Се разбира – бабите и дедовците, кои се секогаш тука за нивните внучиња. Но, дури и да не ги земаат, самото присуство на децата на училиште е опасност за сите.

Тоа не наведува на проблемите со класична/комбинирана настава, кои се БЕЗБРОЈ, но ќе набројам десет:

1) Децата се преносители на вирусот, а ќе страдаат пред се бабите и дедовците

2) По скратената настава кој ќе ги зема децата?

3) Какви маски ќе носат? Платнените не само што не заштитуваат, туку кога еднаш се извади е извор на зараза. KN95 единствени заштитуваат, но чинат 250 денари и се за една употреба.

4) Колку пари ќе потроши државата за постојано стерилизирање и одржување протоколи?

5) Дали децата воопшто ќе ги носат маските?

6) Како наставничките ќе водат класична и посебно онлајн настава за ризичните?

7) Едно дете ви е ризично и ослободено од настава, другото не е, како ќе го заштитите ризичното?

8) Ако се разболи едно дете – цело одделение во карантин!

9) Колку често ќе се прави скрининг на наставничките. Денес здрава, утре болна.

10) Колку пари од буџетот ќе се потрошат за тестови?….

Да продолжам?… Предлозите како наставата да се моделира врз основа на тоа дали училиштата имаат капацитет и колку има болни е лудило, мислиш за видео игра се работи, па ќе отклучуваме нови нивоа и кога ќе не победат, ќе кликнеме “play again”.

Да заклучиме – кога ќе изумрат сите баби и дедовци, како најризична група, а ќе бидат во контакт со преносители кои се многу често асимптоматични, тогаш кој ќе се грижи за децата на тие кои немаат време?

Дали сме подготвени да ја фрлиме историјата на буниште?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *