ТВ архива Македонија – видеотека на македонската телевизиска меморија

Старите македонски емисии, серии и телевизиски прилози што денес се достапни на интернет се расфрлани по YouTube канали и социјални мрежи. Понекогаш за да најдеш една емисија треба да знаеш кој ја објавил и под кој наслов. Затоа ја направивме „ТВ архива Македонија“ како пребарлива видеотека. На едно место ги собираме линковите до достапните снимки и ги подредуваме по години и по вид. Може да побарате конкретен наслов или да разгледате што се прикажувало во одреден период.

Во текстот „Да ги спасиме гласовите од лентите“ пишувавме за потребата да се зачуваат и дигитализираат архивите на МРТ и да ѝ се направат достапни на јавноста. Со оваа видеотека почнуваме од снимките што веќе се објавени. Во каталогот свое место имаат и цела епизода од домашна серија и краток прилог од дневник. Понекогаш токму тие неколку минути ни покажуваат како изгледал градот, како се зборувало или што се сметало за вест во едно друго време.

Отворете ја ТВ архива Македонија

Што има на полиците?

Архивата има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“ (ова ни е особено драг филм затоа што со негова анализа го започнавме проектот Временска капсула), епизоди од „Девојките на Марко“ и телевизиски концерт на Тоше Проески од 1999 година. Има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.

Архивата има околу 3.000 записи. Меѓу нив се емисиите „Актуелно“, „Скопје денес и утре“ и „Клепсидра“, образовната „ТВ лектира“, детските „Шарам барам“ и „Умни глави“, како и документарниот серијал „Досие Скопје“. Од играната програма може да се најдат епизоди од „Првите цутови“, „Девојките на Марко“ и „Втората смена“.

Во архивата е и ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“. Тој ни е особено драг затоа што токму со анализата на овој филм го започнавме проектот „Временска капсула“.

Покрај целите емисии и филмови, има и кратки прилози што вреди да се видат сами за себе. Во еден од 1973 година Кензо Танге зборува за Скопје десет години по земјотресот, а во „Кој загадува?“ од 1977 година, емисијата „Актуелно“ се занимава со загадувањето во градот.

Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. Материјалите за кои нема утврдена година имаат свое место. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.

Ако барате конкретна емисија, внесете го насловот или збор што го паметите од него. Може да пребарувате и по опис или датум, а резултатите да ги стесните по година, вид на снимка и канал. Снимките се отвораат во ретро-телевизорчето на страницата, со линк за гледање и на YouTube.

Да можеме да го најдеме и она што веќе го имаме

Во текстот „Да ги спасиме гласовите од лентите“ пишувавме за потребата од дигитализација и зачувување на архивите на Македонското радио и телевизија. Дел од материјалите сè уште чекаат да бидат дигитализирани. А и она што веќе е објавено е расфрлано по канали на YouTube, објави на социјалните мрежи и други места. Снимката може да е јавно достапна со години, а сепак да остане речиси невидлива за некој што не знае каде да ја бара. Арно.мк

Токму тука е улогата на видеотеката. Кога снимките се на едно место и се пребарливи, можеме повторно да најдеме нешто што го паметиме, но и да откриеме што друго се снимало во истата година или на истата тема. Зачувувањето на оригиналните ленти и нивната систематска дигитализација остануваат посебна и неопходна работа.

Уште еден проект во „Временска капсула“

ТВ архива Македонија е проект на Арно.мк и дел од „Временска капсула“, каде што преку текстови, мапи и интерактивни архиви собираме и претставуваме материјали од нашето културно минато. Уредник на архивата е Бранко Прља.

Меѓу сродните проекти се „Ретро МК ТВ“, Мапата на скопските видеотеки, Мапата на електронско Скопје, „Алтернативно Скопје во 1990-тите“ и Архивата на „Утрински весник“.

Благодарност до „Архива Македонија“, „Македонска архива“, Skopsky Fandango, „Ретро ризница“ и „ТВ Архива МКД“, кои ги направија овие снимки достапни за јавноста.

Додајте го Арно како претпочитан извор на Google
Читајте нè бесплатно на Viber

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *