10 нерешливи проблеми со „комбинираната настава“

Додека светската наука и епидемиолозите предупредуваат дека бројот на заболени деца се зголемува, а дека отворањето на школите само ќе го влоши проблемот, кај нас се дискутира за комбинирана настава. Тој предлог носи повеќе проблеми, отколку решенија. Еве некои од нив:

1) Децата се изложуваат на опасност независно дали се 15 минути или 5 часа во затворена просторија

2) Скратените часови ќе се покажат како неефективни, што ќе се научи за толку кратко време?

3) Кој ќе ги зема децата по скратената настава, ако има кој да ги зема тогаш може и да им помага дома со онлајн наставата.

4) Децата кои се ризична група ќе имаат можност за онлајн настава. Кој ќе ја води оваа настава? Истиот наставник/наставничка откако ќе одржи настава во училиште ќе трча дома да организира онлајн настава? И ќе прави две подготовки за час – за класично и онлајн. Тогаш слободно може да го/ја наречеме суперхерој.

5) Ако, да речеме, имате две деца и едното дете е во ризична група и ослободено од класична настава, што е со другото? Тоа нема да го донесе вирусот дома и да го загрози братчето/сестричето?

6) Колку пари ќе потрошат општините, училиштата и родителите за секојдневна стерилизација, маски, ракавици и други потрошни материјали поврзани со протоколите? Да не заборавиме дека еднаш носена маска веќе не е употреблива. Единствена која докажано заштитува е KN95 која чини околу 250 денари.

Kids need to wear masks when they go to school in person, and parents can  help them get the hang of that - LongmontLeader.com

7) Колку децата ќе бидат послушни и ќе носат маски кога наставниците едвај ги држат во клупа?

8) Кога ќе се разболи едно дете според протоколите цело одделение треба да оди во карантин, и тогаш што?

9) Колку често ќе се прави скрининг на наставниците и колку пари ќе се потрошат за тоа?

10) Дали сметате дека нашата земја има капацитет да ги спроведе сите протоколи без исклучок и да обезбеди безбедна класична настава? Според мене – не!

Најголемиот проблем е свесното изложување на децата, родителите, наставниците и целата популација на непотребен ризик. Зошто? Во вонредно време се преземаат вонредни мерки, а тоа е овозможување на онлајн наставата за сите ученици и наставници, без исклучок. Секој кој е со здрав разум треба да ја бојкотира класичната или комбинираната настава. А тие кои мислат „е ајде, може мене нема да ме фати,“ можат слободно да затворат очи и да преминат улица, зашто може и нема да ги удри автомобил… но, можеби и ќе ги удри.

Најголемиот проблем е свесното изложување на децата, родителите, наставниците и целата популација на непотребен ризик.

Не можеме да се споредуваме со развиените земји зашто немаме капацитет да го спречиме ширењето на вирусот, тоа се покажа на терен. Тие ги намалија бројките со големи инвестиции во тестирањата и со ефективна изолација. Кај нас проблемите не се решени, а сакаме да ги отвориме училиштата што е несовесна одлука.

Останува прашањето – кој ќе носи одговорност ако оваа одлука се покаже како катастрофална?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *