Онлајн наставата е единствено (паметно) решение за нашата средина

Научниците се децидни, враќањето на децата на училиште е ризичен чекор кој ќе донесе непредвидливи последици. Вчера со вас споделивме еден интересен текст објавен во The Atlantic, во кој меѓу другото стоеше:

„Не можеме да се преправаме дека сè е нормално“, вели Гери Симон, директор на одделот за заразни болести на универзитетот Џорџ Вашингтон. „Да имав дете на училишна возраст, не би сакал да го испратам на училиште“.

Ако ги следите работите во светот ќе знаете дека и таму жестоко се расправа за наставата од 1. септември, како и кај нас. Како член на неколку групи кои се залагаат за онлајн настава, бев сведок на различни аргументи (како и контра-мислења) за оваа проблематика.

Во групата ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 година, членката Мирјана Налбандјан изјави: 

„Во Македонија има вкупно 275.000 регистрирани ученици, основци 192.000, среднисти 83.000. Според официјални податоци 81% од населението користи интернет услуги, тоа значи дека само 52.000 деца немаат услови за онлајн настава. Ако еден лаптоп е 200 евра тоа значи дека МОН треба да потроши околу 10 милиони евра, што сум сигурна дека е многу помалку отколку да плаќаат сметки. А што е со компијутерите кои седат по училиштата?“ Навистина, дури и да не се купуваат компјутери, туку само таблети кои ги имаат опциите на компјутерите трошокот може да се намали и на 50 евра по ученик, т.е. околу 2.6 милиони евра инвестиција. Потсетете ме, колку чинеше еден споменик? Но, да не забегаме од темата.

Според Мирјана „ако МОН не може да си дозволи да потроши 10 милиони евра (или 2.6 според нашите пресметки) тогаш како ќе се спроведуваат протоколите? Како ќе се прават дезинфекции?“ Навистина ова е валидно прашање, како и прашањето за маските кои треба да ги обезбедат родителите. Според сите стандарди само KN95 маските пружаат над 90% заштита од вируси, а истите се над 200 денари и не можат да се перат. Научните студии велат дека популарните платнени маски кои се перат се „подобри од ништо.“

Во врска со прашањето на недоволно искуство на наставниците во модерните технологии Мирјана напиша: „Работам во една интересна област, event managemt/education. Организираме високо професионални тренинзи, за кои се добиваат серитфикати од најголемите едукативни тела во светот. Сите курсеви ни беа претходно во живо со максимум 15 делегати, еве сега се се прешалта онлјан, и оди фантастично. Ако луѓе на 70 години се снаоѓаат и тоа одлично сигурна сум дека со тренинг (организиран од МОН) децата за кратко време ќе совладаат се. Не може да биде совршено, не беше ни претходно совршено, а не пак сега.“

Why It Helps Being A Computer Savvy Older Person In This Modern World

Освен тоа, наставниците со години беа обучувани на работилници за вештини по ИКТ (информатички и комуникациски технологии) и сега сакаат да ни кажат дека целата таа инвестиција и време било залудно? Според Мирјана „само треба организација и ништо друго, и нормално малку трпение и од страна на наставниците и од страна на родителите. Сите деца во нижи одделенија имаат таблет, цело лето висат на вибер… бројот на деца што користат гаџети е многу поголем од тие што не користат.“

Мирјана изнесе одлични факти и поенти за секој кој има дилеми за онлајн наставата! Кои се аргументите на другата страна, освен тоа дека се подготвени да ги фрлат децата во оган, па ако не се изгорат – добро е!

One thought on “Онлајн наставата е единствено (паметно) решение за нашата средина

  1. Vo sporedba so drugi zemji nie sme lideri po brojot na aktivni bolni i po smrtnosta . Znaci bolesta e tuka i demne. Narodot e takov kakov sto vidovme, bez razviena zdravstvena svest, za sebe i za drugite .
    Pa sto ocekuvame vo toj slucaj? Nekoj si igra ruski rulet so zdravjeto i zivotot na decata/nastavnicite/clenovite na semejstvoto.
    Nehumano i nedozvoleno!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *