Училиштата треба да останат затворени, и така не ги бива!

Да бидеме на чисто – нашиот образовен систем е еден од најлошите во светот за што сведочат резултатите на нашите ученици според реномираните студии.

Зошто тогаш нашите родители инсистираат нивните деца да одат на училиште во време на пандемија? Тоа е комплексно прашање… или не е?

Владимир Карер, нашиот дописник од Италија до сега неколку пати укажа што треба да прави државата со тестирањето, до каде е технологијата во светот и како земјите со големи бројки на заболени се справиле со нив. Но, ние не слушаме.

Во разговор со Владимир по Скајп, тој ми го изјави ова:

„Очекував револт од родителите, но ми се чини како многу од нив едвај да чекаат да се ослободат од децата и да ги пратат во школо!“

Се работи за многу точна опсервација, според мене. Во петициите кои кружеа од анонимни фејсбук акаунти кои се претставуваа како гласот на народот, клучниот збор беше „теретот на образованието на децата не може да падне на родителите.“

Да ве прашам – а зошто да не? Се разбира така нема да имаме време за слободни родителски активности и ќе мораме да жртвуваме многу. Живееме во вондредно време и тоа подразбира терет.

Но, се поставува прашањето: дали другата жртва ќе биде многу поголема ако несовесно ги пратиме децата на училиште и помеѓу волци. Само што волкот овој пат е невидлив и децата нема да можат да викнат „Волк!“, туку мирно ќе седат во училница и ќе решаваат задачи со нивните мали рачиња, додека невидливиот ѕвер им се вовлекува под ноктите и под маската. Ако не разбравте до сега, името на волкот е Ковид-19.

With grandmother and grandfather in Harrachov, Giant Mountains -  accommodation-czech-republic.com

Владимир кон крајот на разговорот додаде:

А што кога децата ќе ги заразат бабите и дедовците кои се ризична група и последиците бидат фатални?

Науката и епидемиолозите се јасни, отворањето на школите ќе бидат критична грешка, но кој слуша образовани луѓе… нели би требало тие кои го водат образованието!?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *