Пет прашања за маските против Ковид-19 за деца на кои никој не размислува!

Актуелна тема деновиве е класичната или комбинирана настава наспроти онлајн наставата. Да речеме дека децата ќе одат на училиште по протоколи, со што не се согласувам, но ме интересира какви маски ќе носат?

1) Единствени маски кои се ефикасни против вируси се KN95 (може да ги сретнете и како N95, FFP2, P2 итн. тука се објаснети разликите), кои на нашиот пазар ги НЕМА со детски големини. Освен тоа, KN95 се скапи и чинат околу 250 денари, а треба да се менуваат секој ден зашто не се мијат.

2) На нашиот пазар има детски маски против загадување, кое се надевам дека ги имате во нашиот загаден град и држава. Но, тие маски не се ефикасни за заштита од вируси, особено ако имаат вентил.

3) Што е со обичните хируршки маски? За жал тука различни студии изнесуваат различни факти, но средните проценки се дека заштитуваат 50%, се разбира не кога се носат под носот или под брадата.

4) Дополнително, децата кои носат очила ќе имаат проблем затоа што маските кои немаат дополнителен филтер за издишување (како тие против загадување) ги замаглуваат очилата.

5) Остануваат платнените маски со ластици од страна кои најчесто немаат дел за зацврстување на носот и во науката се дефинирани вака: „подобро тоа, отколку ништо!“

Sending Kids Back To School Too Soon May Keep Working Parents At Home

Освен овие прашања, има и многу други, како тие дали децата воопшто ќе прифатат да седат во текот на целата настава со маски и слично, но тие ги оставаме за посебна тема.

Д-р Марјан Стојановски во дискусија во групата УЧИ БЕЗБЕДНО, УЧИ ДОБРО! која се залага за онлајн наставата истакна: „Маските се проблем. Под KN95 тешко се дише, ама заштитува. Платнените маски само се извор на контаминација, се чуваат на лакт, под брада или во џеб, се пипаат со прсти и потоа завршуваат на уста или на нос, и не заштитува воопшто кога е чиста. Носењето маска, од имунолошка гледна точка, е лоша посебно доколку целодневно се користи, го намалува белодробниот волумен, се дише површно и доколку дојде во инфекција, наодот на бели дробови побавно се санира. Затоа подобро е да се држи дистанца. Во школо дистанца не може да се држи.“

Дали некој од надлежните кај нас размислува за овие прашања и како тие да се решат? Или едноставно се препуштаме на текот, па што биде!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *