20 најдобри и најзначајни научно-фантастични дела според Арно.мк!

Научната фантастика е поглед во иднината и предупредување за сегашноста, но честопати таа ги поставува битните филозофски прашања: од каде доаѓаме, зошто постоиме и каде одиме. Подолу ви даваме листа на најбитни научно-фантастични дела кои би требало да ги прочитате, но пред тоа…

Порака до младите автори: ако сакате да пишувате, мора да читате!

Вие веројатно, како и секое милениумско дете, веќе го знаете тоа (како и се друго:) Но, се поставува прашањето кои научно-фантастични автори и дела, од какофонијата дела, се вредни за читање? Еве „наша“ една листа, се извинуваме заради „ненадејниот“ англиски:

  1. Frankenstein (Mary Shelley) 1818
  2. Strange Case of Dr Jekyll and Mr Hyde (Robert Louis Stevenson) 1886
  3. The Time Machine (H.G. Wells) 1895
  4. The War of the Worlds (H. G. Wells) 1897
  5. We (Yevgeny Zamyatin) 1924
  6. Metropolis (Thea von Harbou) 1925
  7. Brave New World (Aldous Huxley) 1932
  8. 1984 (George Orwell) 1949
  9. Foundation (Isaac Asimov) 1951
  10. Fahrenheit 451 (Ray Bradbury) 1953
  11. Solaris (Stanislaw Lem) 1961
  12. Dune (Frank Herbert) 1965
  13. Do Androids Dream of Electric Sheep? (Philip K. Dick) 1968
  14. 2001: A Space Odyssey (Arthur C. Clarke) 1968
  15. Slaughterhouse-Five (Kurt Vonnegut) 1969
  16. A Scanner Darkly (Philip K Dick) 1977
  17. The Hitchhiker’s Guide to the Galaxy (Douglas Adams) 1980
  18. Neuromancer (William Gibson) 1984
  19. The Handmaid’s Tale (Margaret Atwood) 1985
  20. The Martian (Andy Weir) 2015

Овие книги се нашиот избор на дела кои оставиле печат врз историјата на жанрот, литературата, колективната свест или претставуваат значајни уметнички дела кои го отсликуваат времето во кое биле создадени, или предупредуваат (па и ја предвидуваат) иднината.

Повеќето (освен една) се напишани пред 21-от век, поради тоа што сметаме дека е сеуште рано да се предвиди влијанието кое модерните НФ автори и дела (настрана филмовите и медиумското влијание) ќе го имаат врз колективната свест. Направен е исклучок со делото „Марсовец“ (2015), на кое дури ни научниците ни астронаутите не можат да му најдат маана!

Некои од делата во нашиот избор не се стриктно „научна“ фантастика. За поисцрпни листи, погледнете ги следниве линкови од Penguin Random House, магазинот Wired, Book Riot, Stacker и други.


Исто така, скоро пишувавме на темава и на кратко (во еден поширок контекст) ги опфативме Dune и Foundation, а во неколку наврати претходно пишувавме за состојбата со македонската научна-фантастика, или МК НФ. Кој се интересира нека повели:

Научна фантастика за нашата земја е… научна фантастика!
Дистопија или наша реалност? Домашна научна фантастика, втор дел
„Научната фантастика како имплант кој ја менува свеста!“ За расказот „Имплант-ум“ на Тимурленк Чековиќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *