Нашиот „Туристички водич низ депониите на Македонија“ изгуби една локација – на влезот на Драчево!

Во март и април во неколку наврати ја посетивме депонијата на влезот на Драчево и направивме известување од состојбата на терен. Текстот го вклучивме во нашата рубрика „Туристички водич низ депониите на Македонија.“ Прочитајте ги тие текстови на овој линк, тука или тука.

Ги известивме надлежните, Државниот инспекторат за животна средина, Градот Скопје (со кој и порано сме имале добра соработка преку групите како „Не фрлај, не загадувај“) и Општината Кисела Вода. Бевме строги и критични, потсетивме дека и Драчево е дел од Општина Кисела Вода и дека не треба да биде заборавено. Од Инспекторатот беа љубезни, но ни кажаа дека освен што можат да апелираат кон општините не можат ништо повеќе.

Денес бевме сведоци на акција од страна на Град Скопје во соработка со Општина Кисела Вода и јавните претпријатија. Оваа вест беше пренесена во повеќе медиуми (Слободен печат, Вечер, Центар, Скопско Ехо, Бизнис вести и други) , и таму можете да видите слики од акцијата.

Извор: centar.mk

Депонијата постои повеќе децении (во последниве 10 години состојбата е многу влошена) и никогаш не е исчистена, па затоа би сакале да ги пофалиме сите кои ја спроведоа акцијата. Лично бевме на терен и видовме дека на местата каде што е расчистено засега е останат само поситен отпад. Но, како што известуваат надлежните акцијата ќе трае десет дена и областа ќе биде израмнета. Тоа е секако потребно поради вештачкиот рид од шут, песок и којзнае што кој се фрла таму уште од градењето на Новата железничка станица во Скопје (за ова немаме фактички сознанија, но така ни беше пренесено во муабет со локалните жители).

Она што би сакале да апелираме е да се постави ограда околу локацијата зашто вложените средства, работните часови, народните пари кои преку даноци ги плаќаат акциите како оваа ќе бидат залудно потрошени ако се дозволи повторно да се натрупа отпадот – а познавајќи ги реалните состојби тоа ќе се случи!

Освен рамнење на локацијата препорачуваме и садење на вегетација за да се покрие местото и да се демотивираат сторителите повторно да фрлаат отпад. Денес бевме на терен и забележавме што остана од отпадот по акцијата.

“You’ve missed a spot…”

One thought on “Нашиот „Туристички водич низ депониите на Македонија“ изгуби една локација – на влезот на Драчево!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *