Туристички водич низ депониите на Македонија

Добрo дојдовте во чудесната земја Македонија! Преку Александар Македонски до Цар-Самоил, од Климент Охридски до Илинденското востание… Оваа земја во минатото дала многу великани, земја во која настанала словенската писменост… и модерната неписменост!

Денес ве носиме на прошетка во населбата Драчево, во јужниот дел на Скопската котлина на 12 километри оддалеченост од центарот на Скопје. Но, на самиот влез од населбата ви се чини како да сте оддалечени со илјадници километри од центарот на градот.


Во пишаните историски извори Драчево за првпат се споменува во 1300 година. Во XV век било дел од Скопскиот санџак и едно од најголемите населени места во Скопската нахија. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов – Џинот во еден напис од 1855 за селото Драчево запишал дека е едно од богатите села кое со кромид и други зеленчукови производи може да ги снабдува сите поголеми градови во Македонија.

Кога денес ќе влезете во Драчево, од десната страна на главниот пат, покрај нивите на кои во минатото се одгледувале разни култури, во близина на старата воденица веднаш ве пречекува депонија чија миризба ќе ги плени вашите ноздри. Расфрлани тоалетни шолји, кади, пластични шишиња и распарчен мебел се распослани врз вештачкиот рид од градежен шут.

За љубители на научната фантастика сцената нуди пост-апокалиптични и дистописки пејзажи како од класиците Истребувач (Blade Runner, 1982), Терминатор (The Terminator, 1984) или похумористичната верзија Идиократија (Idiocracy, 2006) во која глупавите луѓе од иднината не знаеле што да прават со ѓубрето па решиле да го фрлаат кај стигнат.

Уживајте во сликите кои ви ги пренесуваме!

Уште три гуми и комплет!

Можност за возење со пајтон

Одлични падини за летно скијање

Панорама која буквално ќе ве остави без здив

Децата особено уживаат во ваквата средина која им пружа можност за оптимален психо-физички развој

Резервирајте го вашиот излет со семејството до оваа депонија со можност за санкање по падините од градежен шут, фрлање грутки ѓубре и правење снешко од стиропор.

One thought on “Туристички водич низ депониите на Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *