Како да рециклираш добро? Употреби повторно!

Зборувавме на темата на рециклирањето и кажавме дека „Првото правило на успешното рециклирање е – купувај помалку!“

Но, што можеме да направиме освен тоа за да го намалиме отпадот кој завршува на депониите? Се разбира, можеме да ги употребиме  повторно и да ги пренамениме нештата пред да ги фрлиме.

Во Македонија голем дел од пластиките (од шампони, средства за чистење и слично) не се рециклираат и затоа е особено значајно да ги употребиме за нешто друго наместо да ги фрлиме. На депониите тие ја загадуваат околината, а со нивно палење се загадува и воздухот.

Во ова интересно видео се илустрирани повеќе интересни и инвентивни начини на кои може да ги употребите вашите пластични садови кои не се рециклираат.

Но, проблемот не завршува тука. Претераното и честопати непотребно купување создава голем број предмети кои завршуваат на отпад. Голем дел од нив дури и да сакате да ги рециклирате не можете, како облеката и обувките кои не се рециклираат.

Поради модните трендови новите парчиња облека брзо застаруваат, а детската облека е брзо надрасната и кога се подаруваат се најчесто нови и малку носени.

Можете да им го продолжите животниот век со тоа што ќе ги подарите, а за тоа имате опции преку хуманитарните организации како Црвениот крст или неформалните групи како „Дај, не фрлај“.

Додајте го Арно како претпочитан извор на Google

Читајте нè бесплатно на Viber

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *