Првото правило на рециклирањето е – купувај помалку!

Ако мислите дека со рециклирањето ѝ помагате на планетата, или да не претеруваме, барем на вашата земја, можеби се лажете.

Светот на рециклирањето има повеќе правила и закони отколку еден учебник по хемија.

На пример, салфетките сигурно се рециклираат, како и чашите за пиење или картоните од пица…

Одговорот е дека повеќето центри за рециклирање не прифаќаат салфетки затоа што содржат материи кои не можат да се одделат од целулозните влакна при процесот на рециклирање. Сето тоа оди на отпад.

Тогаш, чашите за пиење сигурно се рециклираат без проблем! Сепак не, чашите се направени од поинакво стакло од шишињата и не се рециклираат.

Но, што е со картоните од пица?… Веќе можете да претпоставите дека поради истиот проблем како и салфетките и тие се тешки за рециклирање.

Проблемот настанува поради тоа што со фрлање на несоодветен отпад во контејнерите за селектирање се загадува цела пратка.

Наскоро ќе објавиме една покомплетна листа на работи кои се рециклираат или не се рециклираат на светско ниво и кај нас. Резултатите се изненадувачки, па не заборавајте да го следите нашиот портал.

И да не заборавиме:

Второто правило на рециклирањето е – купувај помалку!

One thought on “Првото правило на рециклирањето е – купувај помалку!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *