Битка на СФ кралиците: Зои Салдана vs. Скарлет Јохансон!

Зои Салдана и Скарлет Јохансон имаат глумено во 22 научно-фантастични (и фантастични) филмови. Интересно е дека и двете глумеле во точно по 11 филмови. Таков изедначен резултат одлично одговара за нашата мала ментална вежба: која е кралицата на хаучно-фантастичните филмови помеѓу овие две актерки, па да почнеме!

Зои Салдана

Зои Салдана (1978) е американска актерка која од 2009 година со нејзиното појавување како Ухура (Nyota Uhura) во филмот „Ѕвездени патеки“ ja започна нејзината кариера на силен женски лик во жанрот на научно-фантастичните филмови.

Тоа продолжи со нејзините појавувања како Нејтири (Neytiri) во серијата филмови „Аватар“ и Гамора во филмскиот универзум на Марвел (Marvel Cinematic Universe), „Чувари на галаксијата“ (Guardians of the Galaxy, 2014) и последниот „Проект Адам“ (The Adam Project, 2022 година).

Салдана се појави во три од петте филмови со најголема заработка на сите времиња (Avatar, Avengers: Infinity War и Avengers: Endgame), нешто што ниту еден друг актер не го направил. Нејзините филмови заработиле повеќе од 11 милијарди долари ширум светот, а таа е втората филмска актерка со најголема заработка на сите времиња од 2019 година.

Но, постои цака – на првото место е Скарлет Јохансон! Сепак, да не заклучуваме прерано и да го објавиме победникот веднаш. Да видиме во какви научно-фантастични улоги се појавила Зои Салдана.

Научно-фантастична филмографија на Зои Салдана (9 филмови)

  • Ѕвездени патеки (Star Trek, 2009)
  • Аватар (Avatar, 2009)
  • Ѕвездени Патеки во темнината (Star Trek Into Darkness, 2013)
  • Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy, 2014)
  • Ѕвездени Патеки: Од Другата Страна (Star Trek Beyond, 2016)
  • Чувари на галаксијата втор дел (Guardians of the Galaxy Vol. 2, 2017)
  • Одмаздници: Војна на Бесконечноста (Avengers: Infinity War, 2018)
  • Одмаздници: Завршница (Avengers: Endgame, 2019)
  • Проектот Адам (The Adam Project, 2022)

Следниве фантазии може да се додадат на списокот (2 филмови)

  • Јас убивам џинови (I Kill Giants, 2017)
  • Вампири против Бронкс (Vampires vs. the Bronx, 2020)

На прашањето за нејзините улоги во научно-фантастичните филмови за една статија во Cinemablend, таа одговори:

Научната фантастика е универзум во кој личност како мене, која е незамислива, може да ја замислат толку многу филмаџии како Џ.Џ. Абрамс и Џејмс Камерон и Џејмс Ган. Јас навистина процветав во овој жанр. Морав да бидам храбра и да бидам силна и морав да играм ликови кои не беа само ќерката, сопругата, девојката. Бев воин и бев релевантна за приказната, и многу сум горда на патот што го избрав, избегнувајќи да паднам во стереотипи“.

Нејзината Гамора е жестока и ранлива, Нејтири е мудра и храбра, а Ухура е смешна и грижлива, заклучува Cinemablend.

Скарлет Јохансон

Скарлет Јохансон (1984) е американска актерка. Таа е најплатената актерка во светот во 2018, 2019 и 2021 година. Нејзините филмови заработиле над 14,3 милијарди долари ширум светот, со што Јохансон стана деветта ѕвезда со најголема заработка на сите времиња. Таа има добиено различни признанија, вклучувајќи ја и наградата Тони и филмската награда на Британската академија, покрај номинациите за две награди Оскар и пет награди Златен глобус.

Откако глумеше како дете актерка и потоа во тинејџерски филмови, Јохансон се префрли на улоги за возрасни во 2003 година со нејзините изведби во Изгубени во преводот (Lost in Translation), што и донесе награда БАФТА за најдобра актерка и Девојка со бисерна обетка (Girl with a Pearl Earring). Има многу други филмови кои би можеле да ја стават во категоријата на сериозна и квалитетна актерка, но нашата задача е да го дефинираме вековното прашање за кралицата на научно-фантастичните филмови!

Таа најпрво се појави како Црна вдовица (Black Widow) во Железен човек (Iron Man 2), Филмскиот универзум на Марвел, а подоцна ја повтори улогата во осум филмови на Марвел. Во истата временска рамка, Јохансон глумела и во научно-фантастичните филмови Неа (Her, 2013), Под кожата (Under The Skin, 2013) и Луси (Lucy, 2014).

Таа доби две симултани номинации за Оскар – за најдобра женска улога и најдобра споредна женска улога – за соодветните улоги на актерка која поминува низ развод во драмата Приказна за брак (Marriage Story, 2019) и самохрана мајка во нацистичка Германија во сатирата Зајакот Џоџо (Jojo Rabbit, 2019) станувајќи една од ретките актерки и актери кои го постигнале овој подвиг, всушност само дванаесет од 1938 година.

Нејзината научно-фантастична кинематографија може да се подели во две главни групи.

Независни, уметнички, сериозни научно-фантастични филмови (5 филмови):

  • Дух во школка (Ghost in the Shell, 2017)
  • Луси (Lucy, 2014)
  • Таа (Her, 2013)
  • Под кожата (Under the Skin, 2013)
  • Островот (The Island, 2005)

Ултра-комерцијални улоги во Универзумот на Марвел (6 филмови):

  • Црна вдовица (2021)
  • Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: Civil War, 2016)
  • Одмаздници 2: Ерата на Ултрон (The Avengers: Age of Ultron, 2015)
  • Капетан Америка: Зимскиот војник (Captain America: The Winter Soldier, 2014)
  • Одмаздници (The Avengers, 2012)
  • Железниот човек 2 (Iron Man 2, 2010)

Дознајте го заклучокот од нашата анализа во вториот дел од текстот!

Додајте го Арно како претпочитан извор на Google

Читајте нè бесплатно на Viber

One thought on “Битка на СФ кралиците: Зои Салдана vs. Скарлет Јохансон!”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *