Зои Салдана vs. Скарлет Јохансон 2 дел: која е СФ кралицата?

Во минатиот текст ги споредувавме филмографиите на Зои Салдана и Скарлет Јохансен, но не донесовме пресудна одлука: која од овие две актерки е кралица на научно-фантастичните филмови.

Но, дали Зои Салдана или Скарлет Јохансон може да се сметаат за иконички актерки во научна фантастиката како некои други во минатото? Линда Хамилтон е икона како Сара Конор во серијата филмови Терминатор, Сигурни Вивер како Рипли (таа се појави и во „Аватар“ и „Истерувачи на духови) во Вонземјани и Кери Фишер како принцезата Леја во филмовите Војна на световите. Сите овие улоги ги дефинираат овие актерки и претставуваат не само иконички ликови, туку и силни и смели жени, подготвени да одат таму каде што ниту една жена досега не отишла! Но, кој го започна патувањето во непознатото?

„Првата значајна женска научно-фантастична улога“ Барбарела со Џејн Фонда, како што е пофалена The Globe & Mail, е филм за вселенски патник и претставник на владата на Обединетата Земја, испратен да го пронајде научникот Дуранд-Дуранд, кој создал оружје што може да го уништи човештвото. Но, Венди Мишенер во 1968 година во текстот „Барбарела, пост-атомската бомба“ од The Globe & Mail рече: „Нема супержена предизвикувачка за мажи, туку слатко меко суштество кое секогаш е подготвено да му угоди на мажот кој и е крал“.

Филмовите и градењето на ликовите, нивното влијание (од и) врз општеството еволуирале многу од 1960-тите. Ликовите како Алиса (Мила Јовович) од серијата Притаено Зло (Resident Evil), Кетнис Евердин (Џенифер Лоренс) од серијата Игрите на Гладните (The Hunger Games), Император Фуриоза (Шарлиз Терон) од Лудиот Макс 4: Пат на Бесот (Mad Max: Fury Road) и последно, но не и најмалку важно Тринити (Кери-Ен Мос) од Матрикс (The Матрикс) сериите се доказ за тоа.

Резултат?

Зои и Скарлет секако оставиле свој белег во филмската индустрија и нивните ликови се широко препознатливи и обожавани од милиони фанови ширум светот. Кога би морале да избереме победник тоа би била Скарлет само затоа што има поразновидна филмографија и поразвиени ликови, но и двете се навистина кралици на научната фантастика, а исто така се и претходно споменатите актерки. Можеби во денешниот свет каде се гледа само на тоа како да се победи конкуренцијата тоа не е одговорот што го чекавте, но тоа е нашето искрено мислење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.