Зои Салдана и Скарлет Јохансон имаат глумено во 22 научно-фантастични (и фантастични) филмови. Интересно е дека и двете глумеле во точно по 11 филмови. Таков изедначен резултат одлично одговара за нашата мала ментална вежба: која е кралицата на хаучно-фантастичните филмови помеѓу овие две актерки, па да почнеме!
Зои Салдана
Зои Салдана (1978) е американска актерка која од 2009 година со нејзиното појавување како Ухура (Nyota Uhura) во филмот „Ѕвездени патеки“ ja започна нејзината кариера на силен женски лик во жанрот на научно-фантастичните филмови.
Тоа продолжи со нејзините појавувања како Нејтири (Neytiri) во серијата филмови „Аватар“ и Гамора во филмскиот универзум на Марвел (Marvel Cinematic Universe), „Чувари на галаксијата“ (Guardians of the Galaxy, 2014) и последниот „Проект Адам“ (The Adam Project, 2022 година).
Салдана се појави во три од петте филмови со најголема заработка на сите времиња (Avatar, Avengers: Infinity War и Avengers: Endgame), нешто што ниту еден друг актер не го направил. Нејзините филмови заработиле повеќе од 11 милијарди долари ширум светот, а таа е втората филмска актерка со најголема заработка на сите времиња од 2019 година.
Но, постои цака – на првото место е Скарлет Јохансон! Сепак, да не заклучуваме прерано и да го објавиме победникот веднаш. Да видиме во какви научно-фантастични улоги се појавила Зои Салдана.
Научно-фантастична филмографија на Зои Салдана (9 филмови)
- Ѕвездени патеки (Star Trek, 2009)
- Аватар (Avatar, 2009)
- Ѕвездени Патеки во темнината (Star Trek Into Darkness, 2013)
- Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy, 2014)
- Ѕвездени Патеки: Од Другата Страна (Star Trek Beyond, 2016)
- Чувари на галаксијата втор дел (Guardians of the Galaxy Vol. 2, 2017)
- Одмаздници: Војна на Бесконечноста (Avengers: Infinity War, 2018)
- Одмаздници: Завршница (Avengers: Endgame, 2019)
- Проектот Адам (The Adam Project, 2022)
Следниве фантазии може да се додадат на списокот (2 филмови)
- Јас убивам џинови (I Kill Giants, 2017)
- Вампири против Бронкс (Vampires vs. the Bronx, 2020)
На прашањето за нејзините улоги во научно-фантастичните филмови за една статија во Cinemablend, таа одговори:
Научната фантастика е универзум во кој личност како мене, која е незамислива, може да ја замислат толку многу филмаџии како Џ.Џ. Абрамс и Џејмс Камерон и Џејмс Ган. Јас навистина процветав во овој жанр. Морав да бидам храбра и да бидам силна и морав да играм ликови кои не беа само ќерката, сопругата, девојката. Бев воин и бев релевантна за приказната, и многу сум горда на патот што го избрав, избегнувајќи да паднам во стереотипи“.
Нејзината Гамора е жестока и ранлива, Нејтири е мудра и храбра, а Ухура е смешна и грижлива, заклучува Cinemablend.
Скарлет Јохансон
Скарлет Јохансон (1984) е американска актерка. Таа е најплатената актерка во светот во 2018, 2019 и 2021 година. Нејзините филмови заработиле над 14,3 милијарди долари ширум светот, со што Јохансон стана деветта ѕвезда со најголема заработка на сите времиња. Таа има добиено различни признанија, вклучувајќи ја и наградата Тони и филмската награда на Британската академија, покрај номинациите за две награди Оскар и пет награди Златен глобус.
Откако глумеше како дете актерка и потоа во тинејџерски филмови, Јохансон се префрли на улоги за возрасни во 2003 година со нејзините изведби во Изгубени во преводот (Lost in Translation), што и донесе награда БАФТА за најдобра актерка и Девојка со бисерна обетка (Girl with a Pearl Earring). Има многу други филмови кои би можеле да ја стават во категоријата на сериозна и квалитетна актерка, но нашата задача е да го дефинираме вековното прашање за кралицата на научно-фантастичните филмови!
Таа најпрво се појави како Црна вдовица (Black Widow) во Железен човек (Iron Man 2), Филмскиот универзум на Марвел, а подоцна ја повтори улогата во осум филмови на Марвел. Во истата временска рамка, Јохансон глумела и во научно-фантастичните филмови Неа (Her, 2013), Под кожата (Under The Skin, 2013) и Луси (Lucy, 2014).
Таа доби две симултани номинации за Оскар – за најдобра женска улога и најдобра споредна женска улога – за соодветните улоги на актерка која поминува низ развод во драмата Приказна за брак (Marriage Story, 2019) и самохрана мајка во нацистичка Германија во сатирата Зајакот Џоџо (Jojo Rabbit, 2019) станувајќи една од ретките актерки и актери кои го постигнале овој подвиг, всушност само дванаесет од 1938 година.
Нејзината научно-фантастична кинематографија може да се подели во две главни групи.
Независни, уметнички, сериозни научно-фантастични филмови (5 филмови):
- Дух во школка (Ghost in the Shell, 2017)
- Луси (Lucy, 2014)
- Таа (Her, 2013)
- Под кожата (Under the Skin, 2013)
- Островот (The Island, 2005)
Ултра-комерцијални улоги во Универзумот на Марвел (6 филмови):
- Црна вдовица (2021)
- Капетан Америка: Граѓанска војна (Captain America: Civil War, 2016)
- Одмаздници 2: Ерата на Ултрон (The Avengers: Age of Ultron, 2015)
- Капетан Америка: Зимскиот војник (Captain America: The Winter Soldier, 2014)
- Одмаздници (The Avengers, 2012)
- Железниот човек 2 (Iron Man 2, 2010)
Дознајте го заклучокот од нашата анализа во вториот дел од текстот!