Антидепресивите можат да ве направат депресивни!?

Според новите истражувања, антидепресивите само го маскираат проблемот, имаат многу опасни нус-ефекти и всушност на долги стази ги влошуваат ефектите на депресијата.

Ако се лоши зошто се користат?

Психијатријата, особено во западниот свет, се потпира на антидепресивите за лекување на депресијата веќе со децении. До пред неколку години постоеше апсолутен консензус за нивното добро влијание врз пациентите и беше речиси табу да се зборува против нив.

Така стојат работите според некои истражувачи денес, како и P.E. Moskowitz кој напиша статија за магазинот The Nation, наречена „Раскинување со мојата хемиска романса“.

Тој раскажува за случаите на кои по консултација со лекар им биле препишани антидепресиви со „светлосна брзина“. Медицинските лица се колнеле во магичната моќ на овие лекови како Есциталопрам (или Елицеа, од групата ССРИ антидепресивни психотропски лекови, развиен во 1997 година) и немало во што да се сомневаат.

Depression Medications: A Closer Look at Medication for Depression

Лапни едно апче, па друго, па трето…

Пациентите се жалеле на нус-ефектите како поспаност, хроничен замор, па дури и нарколепсија. Меморијата и концентрацијата им се влошиле, а кога пробале да се откажат од лековите имале вистински симптоми на откажување од дрога. Така навлегувале во зачаран круг од кој нема излез.

Се разбира, докторите имаат решение и за тоа, во форма на лекот Риталин (Метилфенидат или Концерта, лек од групата стимуланти кој се користи за лекување АДХД), за пациентите да останат будни и Золпидием (хипнотик и седатив, кај нас како Санвал, во светот познат и како Амбиен) за да спијат полесно ноќе.

Замислете, земате еден лек за депресија кој ве успива, за да останете будни земате втор, а потоа трет за да спиете ноќе. Каква каша-попара!

За среќа Риталин и лекови како Адерал не се легални и достапни во Македонија. Во македонската редит заедница постојат расправии на темата и можеме да речеме дека сме горди на оваа заедница и на тоа што во Македонија генерално постои став „не си играј со оган“ во врска со овие лекарства.

Што се ССРИ антидепресиви?

ССРИ антидепресиви делуваат на серотонинскиот систем во мозокот преку зголемување на нивото на серотонин. Овој хормон е познат како хормон на среќата. Но, ако постои една вистина за ендокриниот систем, тоа е штом вештачки внесете нешто во организмот, речиси е сигурно дека ќе предизвикате пореметување на нешто друго.

Вештачкото зголемување на серотонин опасно потсетува на рејв забавите од 1990-тите кога многу млади луѓе под дејство на дрогата Екстази, западнаа во тешка депресија.

Подоцна откриената причина е трајното нарушување на создавањето серотонин од страна на мозокот. Лаички кажано со превозбуденост на серотонинскиот систем под дејство на дрогата, серотонинот на некој начин „се троши“ наеднаш и потоа не може да произведе доволно за нормално функционирање. Заради една вечер луда забава следеле месеци депресија. Вреди ли?

Ecstasy Addiction Treatment & Rehab Center in Illinois | MDMA Abuse Help

Алтернативи

Во неколку наврати на долго и на широко пишувавме за алтернативните методи за справување со анксиозноста и депресијата. Фитнес, туширање со ладна вода, методи како тој на Вим Хоф се одлични за правилно функционирање на лимбичкиот и ендокриниот систем, а тие се задолжени за вашето емотивно здравје.

Се разбира полесно е да се каже, отколку да се направи. За да некој го практикува методот на Вим Хоф потребно е прво да има волја за тоа, а депресијата го исклучува тоа. Но, како добар совет би било да се почне со ладни тушеви, тоа не бара никаков напор, а ефектите се неизмерно големи.

Според истражувањата ладните тушеви го успоруваат симпатичниот, а го активираат парасимпатичниот систем кој влијае на нервот Вагус. Вагусот влијае на имунитетот, циркулацијата, работата на срцето, менталната состојба и уште на многу други работи.

Борбата не е лесна, но кога медицинската заедница почнува да прифаќа дека антидепресивите се опасни се чини дека работите се свртуваат кон подобро. Се надеваме дека наскоро ќе живееме во еден свет во кој се внимава на суштинското и на причините за проблемите, наместо само да се маскираат последиците.

Why Everyone's Talking About the Wim Hof Method

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *