Методот на Вим Хоф

Вим Хоф (Wim Hof) е холандски чудак кој го нарекуваат The Iceman! Не се работи за суперхерој, како што може да помислите од прекарот, но тоа што успеал да го направи е блиску до тоа.

Новинарот Скот Карни (Scott Carney) го истражувал методот на овој чудак со цел да докаже дека се работи за измама. На крајот не само што се уверил во веродостојноста на методот на Вим Хоф, туку и издал книга за тоа What Doesn’t Kill Us.

Неговиот метод го подобрува имунитетот, го регулира ендокриниот систем, овозможува многу бенефити за телото и наводно може да помогне и при случај на болест. Вим Хоф комбинира неколку техники познати на човештвото уште од памтивек, како индиските техники на дишење, фактот дека ладното го подобрува имунитетот и други. Во ова видео е накратко и убаво објаснето за методот .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *