Направи сам станица за мерење на аерозагадувањето (за помалку од 50 долари)

Ова е т.н. „Алиекспрес“ станица за мерење на загадениот воздух. Во Македонија има поделени мислења кој колку загадува, но едно е сигурно – очајно ни требаат повеќе нискобуџетни мерни станици!

Ако не знаеме кој каде загадува – нема да знаеме кои мерки треба да се преземат.

Реално, како индивидуа, една од најдобрите работи кои можете да ги направите во борбата против загадениот воздух е да направите сами станица за мерење на аерозагадувањето.

Што ви треба? Помалку од 50 долари, да живеете на први или втори кат (ако живеете повисоко мерењата нема да бидат точни) и wi-fi конекција дома.

Треба да ги нарачате овие компоненти од Алиекспрес (цените се без достава):

  • Nova PM sensor SDS011 (ова е сензорот за мерење на ПМ честичките) – околу 20 $
  • BME280 сензор за температура и влажност на воздух – 1 до 5 $
  • NodeMCU ESP8266 V3 или V2 и кабли – околу 2 $
  • Жици – помалку од 1 $
  • Евентуално ќе ви треба и лемилица да го залемите BME280 сензорот.

Ги имате сите компоненти, што понатаму?

Идејата е мерната станица да ја поврзете со SENSOR.COMMUNITY или со pulse.eco. Потоа овие мерења ќе ги прочита апликацијата Air.care која ја имаат скоро сите во Македонија. Ако наидете на некој проблем викнете го вашиот пријател компјутерџија да ви помогне (сите имаме по еден таков „на лагер“ 🙂

Мерачот се поставува на балкон во заштитени услови од директно сонце и врнежи. Со оваа станица точно ќе знаете колку е загадено надвор и кога да луфтирате и кога можете да излегувате од дома. Помогнете си себеси и на другите.

Официјалните туторијали на SENSOR.COMMUNITY тука ќе го најдете и софтверот што треба да го инсталирате.

Јас ја чувам мерната станица во картонска кутија но можете и во водоводна цевка. За напојување користам полнач од стар мобилен, но има милион решенија за ова.

Веќе пишувавме колку се прецизни овие сензори, па со среќа и заеднички да помогнеме сите за точна локација на најзагадени места и за справување со загадувањето!

2 thoughts on “Направи сам станица за мерење на аерозагадувањето (за помалку од 50 долари)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *