Колку се прецизни мерните станици од “Aliexpress”?

Можеби знаете но можеби и не, деловите на скоро сите приватни станици во светот кои ги мерат PM 2.5 и PM10 се набавени од “Aliexpress” односно од Кина.

Можете да направите мерна станица за само 30 евра. Тука ќе најдете детално објаснување како сами да си направите мерна станица.

Делот кој е одговорен за мерењата е SDS011.

Направени се различни студии во врска со тоа колку е прецизен овој дел и сите потврдуваат дека SDS011 сензорот е добар и дека дава приближни мерења на официјалните правени со скапи инструменти.

Проблеми кај овој сензор се јавуваат кога влажноста на воздухот надминува 80%.

Холандската влада дели бесплатни евтини мерни станици на нивните граѓани бидејќи верува дека е битно да се има алтернатива на официјалните мерни станици.

Но погледнeте го и сами видеото:

Еве и линк.

Друга студија е направена од Норвешкот институт за чист воздух во кој се анализира колку е добар SDS011 сензорот за мерење на PM 2.5 честичките. Студијата открива дека сензорот е 88.58% точен во однос на официјалната мерна станица.

Но прочитајте ја и сами целата студија.

Значи можеме да заклучиме дека евтините мерни станици се валидна алтернатива во однос на официјалните владини мерења.

Ова е особено релевантно бидејќи има градови во Македонија кои немаат никакви мерни станици или по една мерна станица. Ако владата на Холандија отворено поддржува и спонзорира евтини мерни станици зошто тоа не би го направила и нашата влада?

Овие мерни станици освен што ја мерат загаденоста на воздухот исто така ја мерат температурата и влажноста на воздухот. На тој начин речиси во реално време можете да видите колку е температурата во различни делови на земјата.

Еве уште еднаш како да си направите мерна станица и резултатите да ги споделите со цел свет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *