Ако живеете на приземје или на прв кат можете да направите мерна станица која ќе мери PM 2.5, PM10 честички, температура и влажност на воздухот. Притоа резултатите можете да ги споделите со светот.
Најверојатно веќе ја користите апликацијата AirCare за андроид или iOS. Можеби сте забележале дека апликацијата влече податоци од три различни места: официјални мерни станици на владата, luftdaten и plulse.eco.
Ние ќе ве научиме како да ја направите мерната станица и како да ја приклучите на luftdaten притоа активно ќе придонесете во мерењето на PM 2.5 и PM 10 честичките.

Кои компоненти ви требаат?
– NodeMCU ESP8266, CPU/WLAN
– SDS011 Fine dust sensor
– DHT22, temperature & humidity (optional)
– Cable
– USB cable e.g.: flat 2m Micro-USB
Дополнително ќе ви требаат две цевки за водовод како на сликата и кратко проѕирно цевче.
За подетални информации одете на:
https://luftdaten.info/en/construction-manual/
Откако ќе се направи мерната станица треба да се поврзе со вашиот Wi-Fi и тоа е се!
Главната работа ја врши SDS011 сензорот кој го користат luftdaten и plulse.eco бидејќи за сега дава најдобри резултати, а чини само 15 евра.
Колку е прецизен SDS011 сензорот?
Од тоа што можевме да истражиме на интернет овој сензор дава релативно точни резултати, но има проблеми кога влагата на воздухот е над 80%.
Еве неколку истражувања на таа тема:
https://influencair.be/accuracy-of-the-sds011/https://www.mdpi.com/2073-4433/10/2/41/htm
Со подетални и попрецизни информации ќе имаме појасна слика колку и каде е позагадено, како и кои мерки треба да се преземат.