Науката, по децении заблуда, конечно признава – шеќерот е непријателот, а не мастите!

Џон Јудкин – од реномиран до исмеван научник

Во 1972 година британскиот научник Џон Јудкин (John Yudkin) ја издал книгата „Чист, бел и смртоносен“ во која зборувал дека шеќерот, а не мастите, е најголемата опасност за здравјето. Неговата книга била популарна, но познати нутриционисти заедно со индустријата за храна го подложиле на исмевање. Наскоро книгата, заедно со неговата кариера, биле уништени.

Sugar vs. Cholesterol: John Yudkin vs. Ancel Keys | MTPR

Мотивите се јасни – шеќерите масовно се користат во индустријата за храна и пијалаци и без нив таа би преживеала големи загуби. Дури во последната деценија се прават радикални измени на законите за дозволеното количество шеќери во храната и нови даноци за зашеќерените пијалоци.

Во 1980-тите националните здравствени организации почнале да препорачуваат дека треба да се намали внесот на масти и холестерол. Колбасите биле заменети со макарони, путерот со маргарин, јајцата со мусли, млекото со сок од портокал. Таа иницијатива во Америка и Англија била најсилна и ако се погледне кривата на екстремна дебелина (obesity) на населението многу јасно се поклопуваат бројките во пораст од 1980 година наваму.

Уште од 1950-тите се знаело дека шеќерите се опасни, а мастите не, но тоа било игнорирано

Јудкин ја поставил хипотезата за штетноста на шеќерот уште во 1957 година. Но, бидејќи се работело за строго научна студија без последици на јавната свест за проблемот, тезата останала во рамките на научните кругови.

1955 година била клучна за уште една промена во САД. Претседателот Ајзенхауер доживеал срцев удар. Неговите доктори и нутриционисти јавно ги обвиниле мастите и холестеролот. Тоа се почетоците на холестеролскиот „лов по вештерки“. Стоејќи настрана Јудкин се чудел како дошле до таков заклучок кога според неговите истражувања со животни, шеќерот бил тој кој ги предизвикувал опасните здравствени состојби.

Месото било дел од исхраната на човекот илјадници години, додека простите шеќери се појавиле само пред неколку века.

Нутриционистот Ансел Киз (Ancel Keys), кој бил цитиран од страна на докторите на претседателот, бил пропонент на теоријата за штетноста на холестеролот и ги критикувал и исмевал наодите на Јудкин. Во меѓувреме Киз станал реномиран и моќен научник, со поддршка од здравствените национални институции и здруженија. Со големи финансиски средства можел да спроведува големи и долги студии, како Студијата на седум нации (од кои едната била и Југославија) од 1958 до 1964 со десетици илјадници испитаници.

How Ancel Keys Brainwashed the Masses Into Fearing Meat (He's Wrong)

Студијата покажала јасна корелација помеѓу внесувањето на заситени масти и срцеви заболувања, но всушност таа била „монтирана“ да ја поддржи неговата теза, на пример:

  • Не ги вклучил Германците и Французите зашто знаел дека јадат мрсна храна, а немаат висока стапка на срцеви заболувања
  • Ги вклучил Италијаните, чија примарна храна се јаглехидратите (паста – макарони и шпагети) и имале висока стапка на срцеви заболувања
  • Ги вклучил Југословените кои (како што знаеме од лично искуство) се големи љубители на мрсните меса, но истовремено не каснуваат ништо без лепче (јаглехидрати)! Се разбира, стапките на срцеви заболувања и тука биле високи.

Подоцна, од независни проучувачи, се открило дека всушност корелацијата која ја пронашол Киз не била таа со мастите, туку со шеќерите! Но, било доцна.

Студијата станала „свето писмо“ и била реплицирана од страна на многу други истражувачи во следните децении, со исти наоди.

Што е всушност вистината?

Mетаболитичките процеси се екстремно комплексни, но сепак за исхраната важи едно правило – тоа што го јадеш не мора нужно да значи дека ќе се јави во истата форма откако ќе заврши во твоето тело. Пример, јајцата се здрави за вас и не го зголемуваат холестеролот! Организмот не е фабричка лента која пренесува производи, туку хемиска фабрика која ги трансформира во нови. Во последните години се популарни диетите како „lowcarb“ или „paleo“, кои во основа се засновани на Аткинсоновата диета (се сеќавате?) – популарна диета за слабеење која во научни кругови била исмевана. Сите тие се засновуваат на внесување на протеини во форма на месо и избегнување јаглехидрати. Резултатот – вашето тело повеќе ги користи мастите и вие слабеете!

A Quick Start Guide To Paleo Diet

Денес, 40 години подоцна, се повеќе научници застануваат на страната на Јудкин и тврдат дека простите шеќери се вистинската опасност за здравјето. И не само тоа, јавноста станува се повеќе свесна за тој факт, благодарение на „хипстерското“, „кросфит“ и други модерни движења кои ги споиле грижата за физичкиот изглед со трендовите. Поместувањето на парадигмата не го направила науката, таа само ги пружила доказите, а заслужни се илјадници подкаст водители, „broscience“ типови и „трендсетери“ со голема публика.

Јавноста наеднаш е подготвена да ја прифати науката. Дали сте подготвени и вие?


Поголемиот дел од текстот (иако не во целост) е заснован на оваа статија од Гардијан.

One thought on “Науката, по децении заблуда, конечно признава – шеќерот е непријателот, а не мастите!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *