Науката се повеќе ги посочува воспалителните процеси како еден од најголемите закани за севкупното здравје.
Според Harvard Health тие го забрзуваат стареењето. Ги оштетуваат крвните садови, срцето и органите! Го оштетуваат мозокот, придонесуваат за депресија и развој на Алцхајмер. Ризик за дијабетис, прекумерна дебелина, автоимуни заболувања.
Особено е штетно кога има хронично, постојано присутно воспаление.
Некои прехрамбени производи се толку е штетни што создаваат и ги разгоруваат воспаленија..
👎 Воспалителна храна што треба да се избегне :
- Шеќер и Фруктоза
- Рафинирани јаглени хидрати, бел леб, брашно..
- Пржена храна
- Засладени газирани пијалоци
- Црвено месо, процесирано месо
- Млеко (кај возрасно население)
- Маргарин, вештачки транс-масти
- Алкохол
- Моно-Глутаминат (вегета, фаст фуд, пакувани сосеви, чипсови и грицки, супи коцки..)
За среќа постои и храна-лек, што докажано не заштитува :
👍 Храна што најмногу ги намалува воспаленијата во телото:
- Вегетаријанска исхрана + Риба
- Маслиново масло
- Лиснат зеленчук, патлиџан, пиперка, брокула, ротква, проќељ, рукола, маслинки, печурки, грав, леќа, лук, чили лути пиперчиња
- јаткасти плодови – бадем, лешник, ораси и семиња, чија и лен (високи со омега 3)
- мали масни риби – сардини, скуша, харинга (високи со омега 3)
- овошја – портокали, грејпфрут, црно гројзе, сливи, ананас, сите бобинки, цреши!
- зачини – тумерик-куркума-ѓумбир, рузмарин, оригано, цимет
Листата личи познато. Тоа е типичната медитеранската исхрана! Главна исхрана во таканаречените сини зони каде мнозинстово од населението стигнуваат здрави и витални до 100 и повеќе години. На здравје!