Отпадот ги плаши граѓаните на Македонија, ама не заради тоа што мислите

Покренавме проект наречен „Туристички водич низ депониите на Македонија“, каде на сатиричен начин му пристапуваме на проблемот со неправилно фрлениот отпад во нашата земја.

Нашиот фокус го посветивме на депонијата на влезот од населбата Драчево (едната од многуте, да бидеме искрени). Во нашата комуникација со луѓето наидовме на различни реакции, од поддршка, до игнорирање на проблемот, преку молк. Оттогаш, преку нашите еколошки групи кои бројат илјадници членови, упативме јавен повик да ни праќаат фотографии и снимки на депонии кои би ги вклучиле во нашиот водич.

Очекувавме дека материјалите ќе пристигнуваат во изобилие, бидејќи во нашите и други еко-ФБ групи се соочуваме со такви појави секојдневно. Она што го добивме од малкуте луѓе беа шокантни слики и видеа на пејзажи кои, со нивните зборови, наликуваат на Африка. Откако им ветивме дека ќе преземеме се за да се реши проблемот, тие не замолија да останат анонимни и да не ги споменуваме во текстовите затоа што се плашат дека ќе имаат проблем со „дивјаците кои го фрлаат ѓубрето,“ и со тие кои ги заштитуваат.

Живееме во една навистина чудна земја каде ѓубрето е позаштитено од народот.

Од вас зависи дали ќе го разберете горното буквално или двосмислено. Но, секогаш кога зборуваме за начините на кои се справуваме со отпадот се соочуваме со две сигурни работи: 1) Ѓубрето е насекаде 2) Ѓубрето го штитат институциите и одредени сомнителни индивидуалци кои профитираат од него.

Ако сте како нас, и телефонот ви е преполн со слики од ѓубре, ако наместо посета на и радост од преубавата природа која ја има оваа земја гледате само депонии, тогаш ќе разберете.

Ако сте разговарале со луѓе кои живеат покрај диви депонии, ќе знаете дека некои од нив се обиделе да се спротистават и ќе знаете како завршиле. Многу од нив добиле закани, зашто силеџиството е дифолт начин на функционирање во нашата средина – опстанок на посилниот!

Ако сте се обиделе лично да се борите на цивилизиран начин – да ја известите општината или градот, сте начекале молк. Инспекторатот за животна средина барем одговара на прашањата, ама секогаш коментира дека „не е во нивна моќ“, како да се работи за некое безлично тело без сила за каква било акција. Замислете да се однесуваа така инспекторите кои во времињата пред пандемијата ги затвораа кафулињата зашто не издаваат сметки или казнуваа бизниси за многу помали прекршоци.

Целата ситуација со отпадот е очајна, безнадежна и, ако добро размислите, прилично страшна. Се увезува се и сешто, се фрла секаде кај се стигне, се грди природата, се загадува, луѓето страдаат и никому ништо. Сме пишувале новинарски текстови, сме апелирале кон институции, сме се изложиле на опасност и за што? За ништо.

Затоа загадувањето е опасно, но поопасни се луѓето кои профитираат од него.

Заклучок? Нема. Дали треба да се откажеме од нашиот водич или од борбата за почиста и за поздрава средина? Со зборовите на мудриот Сајфер (Cypher) од филмот „Матрикс“ (1999), “Ignorance is Bliss”:

Незнаењето е благослов!

Но, како и секој добар „филм“, и овој има “plot-twist”… лекција за сите нас, како треба да постапуваме:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *