Проблемот со аерозагадувањето за кој никој не зборува!

Сите знаеме за печките на дрва, фабриките на фосилни горива, горењето гуми и кабли, депониите, но – колку загадуваат возилата?

Да преформулирам – колку загадуваат дизел возилата кои возат со изваден или исклучен филтер за пречистување на издувни гасови – ДПФ (Diesel particulate filter)?

Што е ДПФ филтер и колку добро ги филтрира издувните гасови?

ДПФ филтерите филтрираат од 85 до речиси 100 проценти од издувните гасови. Тоа значи дека се екстремно ефикасни!

Сето тоа е супер, но постои еден проблем – луѓето во Македонија ги вадат ДПФ филтерите.

Зошто некој би правел нешто ако знае дека така го загадува воздухот за другите и за себеси?

Одговорот е едноставен – сакаат да заштедат некој денар на гориво! Не знаеме колку од дизел возилата ги имаат извадено или исклучено ДПФ филтрите, но од муабет со познаници и познавајќи го нашиот менталитет, би рекол – повеќето!

Колку дизел гориво се заштедува доколку се извади ДПФ филтерот?

Има 4% заштеда на гориво без ДПФ филтерот.  Да, прочитавте добро – заштеда од само 4%!

Тоа значи дека имаме совршена технологија која во просек отстранува 90% од ПМ10 и ПМ2.5 честичките, но не ја користиме за да заштедиме 4% гориво!

График 1 потрошувачка на дизел со и без ДПФ филтерот.

Еве и линк до целосната студија.

Во Македонија има 525.400 возила од кои (фрапантни) 294.735 се дизел возила.


Што би се случило кога сите возила би имале филтер!?

Загадувањето од сообраќајот би се намалило за повеке од 90%. т.е практично би немало загадување од возила!

Решенија?

Не верувам дека откако ќе го прочитаат овој текст луѓето ќе го вратат ДПФ филтерот на нивните возила и најверојатно ќе продолжат да штедат денарчиња за гориво. А за здравјето ќе мислиме само кога е предоцна!

Владата може да го забрани увозот на дизел возила, може да стави казни за тие што намерно го саботираат ДПФ филтерот и да го вклучи и тој фактор при технички и рутински прегледи.

Сепак, надежта е во технолошкиот напредок, новите возила помалку загадуваат од старите, а електричните возила не загадуваат, се разбира ако струјата доаѓа од обновливи извори.

Додека не дојде тој момент, осудени сме да се гушиме во чадот од сопствените автомобили!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *