Jurrasic Park во реалноста

Минатата година научниците пронашле 42,000 години старо ждребе од истребен вид коњи во вечниот мраз на Сибир. Потоа успеале да извлечат крв од ждребето и планираат да ја искористат за клонирање!

Звучи познато? Да, филмот Паркот Јура е повторно актуелен, и пред извесно време пишувавме за животните лекции кои можеме да ги научиме од него. Се разбира, од овој експеримент нема да произлезат диносауруси, но сепак се работи за исчезнат вид и самата идеја е возбудлива.

За да го направат тоа научниците мора да извлечат и да култивираат соматски клетки, нешто што се обиделе веќе десетици пати, но не успеале. Во соработка со Sooam Biotech од Јужна Кореја (кои работат на контроверзни проекти, како клонирање домашни кучиња!) руските научници, освен овој вид, се обидуваат да клонираат имамут.

Не веруваме дека во скоро време ќе имаме зоолошки со диносауруси во нив, но природата (читај: научниците) ќе најдат начин!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *