7 работи кои ги научивме (за диносаурусите) од филмот Паркот Јура

Класичното дело на Стивен Спилберг е полно со животни лекции!

Не ја вклучувај проклетата батериска ламба!

Децата во 90-тите oд филмот Паркот Јура (Jurassic Park) научија дека ако се сретнеш со Тирекс најголема грешка е да вклучиш батериска ламба. Наводно, нивниот вид не бил подобар од кокошките и тие реагирале на светлина и на движење.

„Животот наоѓа начин“

Познатата реплика е на типот (Jeff Goldblum) кој пред да стане научник во Паркот Јура имал неупешен обид да се претвори во Мува! Еволуција, бејби!

Хакери – лоши, диносауруси – добри

https://discourse-cloud-file-uploads.s3-us-west-2.amazonaws.com/boingboing/original/3X/a/3/a3500f9690319ed396aeeabc2c3a00cf31b79bb5.gif

Генерално кажано, зоолошка за диносауруси е добра идеја, освен ако вработиш хакер кој ќе го зезне целиот систем заради пари… ах, таа човечка природа.

Велосираптор Ајнштајн

Не само што биле брзи, туку биле и паметни. Вашето куче можеби не знае дека кваката отвора врата (или дека вашите чевли не се нужник), но велосирапторот знае!

Цигари во филмовите од 90-тите

https://cdn.movieweb.com/img.news.tops/NEINExEtmmMeML_1_b/Jurassic-Park-Samuel-L-Jackson-Original-Death-Scene.jpg

Samuel L. Jackson е научник кој пали цигара по цигара зашто филмот е од 90-ти, чури брате!

Диносауруски измет

Не само што изметот е голем колку „планина“, туку и содржи вредни информации за научничката (Laura Dern) која го проучува со радост на дете кое се игра во песок!

Во случај на шармирање женска… користи Теорија на хаосот

http://www4.pictures.zimbio.com/mp/nzShf8xyNQ3l.jpg

Научникот ја користи Теоријата на хаосот за да излезе кул пред девојка… кога се случило тоа во историјата на врските?

One thought on “7 работи кои ги научивме (за диносаурусите) од филмот Паркот Јура

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *