Што може да научи Скопје од Барселона за намалување на загадувањето?

Како Барселона од град со најмногу возила и едно од најлошите загадувања во Европа, стана град во кој приоритет имаат пешаците и велосипедистите. Со градење т.н. „суперблокови“! Расадник, Општините во нашиот град и Град Скопје да фаќаат белешки!

Уште од раните имплентации на овој план загадувањето на воздухот со aзот диоксид се намалило за 42%, а на ПМ честички за 38 проценти!

Значи суперблоковите овозможуваат во просек 40 проценти помало загадување на воздухот само со намалувањето на сообраќајот!

„Суперблоковите“ се единици со димензии 400 x 400 m – поголеми од блок, но помали од населба.

Се работи за иновативна стратегија за урбано и транспортно планирање која има за цел:

  • да го врати јавниот простор на луѓето
  • да го намали моторизираниот транспорт
  • да промовира одржлива мобилност и активен животен стил
  • да обезбеди урбано зеленило
  • да ги ублажи ефектите од климатските промени.

Суперблоковите создадаваат поздрава животна средина со:

  • намалување на загадувањето
  • помала бучава
  • помалку сообраќајните несреќи
  • поумерена надворешна температура.

Една нова студија истражува како таа масовна трансформација би влијаела на здравјето – и според пресметките може да спречи околу 700 предвремени смртни случаи секоја година, да го зголеми очекуваниот животен век во просек за речиси 200 дена и да заштеди околу 1,7 милијарди евра годишно на Градот.

Зелените површини во суперблоковите на Барселона помогнаа да се намали ефектот на урбаниот „топлински остров“. Децата одеднаш добија место за играње. Клупите и жардинерите ги претворија поранешните сообраќајни ленти во паркови. Повеќе луѓе почнаа да пешачат и да возат велосипед.

Кога ќе ги тргнете автомобилите, она што ќе се случи е намалување на загаденост на воздухот. Нивото на бучава се намалува. Има повеќе простор за зелени површини, а тоа исто така ги намалува ефектите на топлинскиот остров… и луѓето се физички поактивни, не ги користат автомобилите толку многу.

Основниот концепт на суперблок е едноставен. Внатре во улична мрежа широка три блока и долга три блока, сообраќајот е ограничен само за жителите. Секој што вози подалеку треба едноставно да го заобиколи периметарот. 

Улиците во суперблоковите стануваат мали јавни плоштади за соседството. Неколкуте автомобили кои можат да влезат внатре не смеат да возат побрзо од 10 км/час, а приматот го имаат пешаците. Во Барселона дизајнот функционира совршено не само теоретски, туку и практично!

Како што градовите стануваат погусти – движејќи се во правец на „15-минутниот град“, каде што канцелариите и потребните нешта се на чекор до вас, дизајните како суперблок стануваат се повеќе потребни и поизводливи.

Игралишта, мини-плоштади и јавни простори внатре во суперблоковите

Внатрешните помали улици се наречени зелени улици и се затворени за сообраќајот. Возилата се дозволени првенствено за пристап до живеалиштата, за јавен превоз, за лица со посебни потреби, за возила за итни случаи и секако за велосипеди кои се користат само за рекреација.

Дури и велосипедистите мораат да се придржуваат до ограничувањето на брзината. Границата од 10 км/ч е иста за сите, како и за електричните скутери. Понатаму, моторизираното движење на возилата е само во една насока. Така, патиштата стануваат јавни простори кои се отворени и безбедни за користење од страна на пешаците за различни намени.
Ако ве интересира повеќе на темата, погледнете ги овие извори: Како „суперблоковите“ на Барселона би можеле да функционираат во други градови, Генијалните „супер блокови“ на Барселона би можеле да спречат 700 предвремени смртни случаи секоја година, Суперблок Барселона – редефиниран град.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.