Контејнерите во ѓубре, ѓубрето на улица!

Во Македонија честопати новите нешта се пречекани со радост, но наскоро завршуваат „на ѓубре“. Тоа важи за предметите, но и за идеите, а во овој случај за контејнерите!

Се чини дека во Македонија се завршува на ѓубре – освен ѓубрето кое е послано по сокаците, зелените површини, дивите депонии, предворјата на домовите, селата и населените места.

Сцени од Ново Лисиче, пред „престижниот“ Трговски Центар Лиса

Како еден контејнер може да заврши „на ѓубре“, се прашувате. Па вака.

Пред околу три години Град Скопје доби околу 540 контејнери за комунален отпад со три пати поголем капацитет од старите контејнери. И не само тоа!

Новите контејнери беа популаризирани како „опремени со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отворање, рачка за отворање прилагодена за лица со посебни потреби и на нив има упатство за правилно користење.“

Тоа звучи одлично, но…

Во Македонија има секогаш „но“ и тоа овој пат е во форма на сликата подолу.

Се прашуваме зошто на граѓаните им пречеле капаците па морале така насилно да ги откорнат. Би сакале да има рационално објаснување за тоа, но за жал нема.

Тоа е тажната вистина на нашето секојдневие во кое контејнерите одат во ѓубре, а ѓубрето завршува на улица!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.