Иднината на креативните професии – целосно компјутерски создадена уметност!

Компјутерите денес можат да направат слика или текст во кој и да е стил и со голем уметнички осет. Сосема е можно во иднина креативните професии да исчезнат за сметка на поевтината вештачка интелигенција. Но, како дојде до ова?

Компјутерски генерирана книга за деца со помош на DALL-E (слика) и GPT-3 (текст)

Пред само неколку децении користењето компјутери во уметноста беше сметано за нешто многу кул и интересно.

Денес компјутерите се дел од животот на секој уметник или професионалец, независно од тоа дали се работи за графички дизајнер, 3Д уметник, писател, моден креатор, дизајнер на ентериер итн.

Сите тие зависат од компјутерите, а така е впрочем и во секоја професија.

Не е чудно компјутерите не само да помагаат во извршување на многу професии, туку и да ги заменат професионалците. Сепак, би очекувале ова да се случи со мануелните професии, нешта кои не подразбираат креативност, критичко размислување, апстрактни способности и слично.

Сепак, со помош на Dall-E, луѓето денес можат да создадат неверојатно интересни, креативни, неочекувани уметнички дела во кој стил и да посакаат и на која тема сакаат. Се што треба е да дадат точен опис на она што ги интересира и за неколку секунди нивната замисла ќе стане реалност.

DALL-E е проект кој креира слики од текст. Авторите велат дека тренирале „невронска мрежа наречена DALL-E која создава слики од текстуални натписи за широк опсег на концепти изразени на природен јазик. OpenAI е компанија за истражување на вештачката интелигенција. Mисијата е вештачката интелигенција да биде од корист за целото човештво.“

GPT-3 или Generative Pre-trained Transformer 3 е авторегресивен јазичен модел кој користи длабоко учење (deep learning) за да произведе текст сличен на човечкиот.

Еден од бета-корисниците на Dall-E замислил книга за деца на тема слонови, ја опишал и наскоро Dall-E ги произвел цртежите, а GPT-3 го напишал текстот. Еве ги резултатите кои ако се најдат на полица покрај други детски книги нема да се разликуваат по ништо.

Корисникот на Редит напиша:

„За да ја задоволам моменталната „фаза“ на слонови на моето дете, создадов еден куп слики (22) за книга за деца. Ги опишав сликите на GPT-3 и морав да ги сумирам во натписи соодветни за возраста, или како шега, нешто емпатично/љубопитно. Тоа функционираше доста добро.

Резултатот е одличен, детето ја одобрува книгата и сметам дека сега можам да креирам сопствени детски книги по желба.“


За повеќе примери на DALL-E генерирани слики посетете го сајтот https://www.aidemos.info/.

2 thoughts on “Иднината на креативните професии – целосно компјутерски создадена уметност!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.