Вештачка интелигенција прави акциони фигури според ликот на познати актери

Примери од визуелизација на акциони фигури направени од ВИ

Веќе зборувавме за моќта и потенцијалот на вештачката интелигенција и како таа неочекувано брзо продира во светот на креативноста. Во тој случај стануваше збор за DALL-E, а сега за MidJourney.

Интересно е дека ВИ сепак не создава ништо ново, таа на некој начин прави колаж од постоечките елементи, кои ги преобликува. Но, ако размислиме подлабоко, и колажот е вид уметност, па дури и готови предмети (ready-made) биле користени во уметноста. најпознат е примерот на Марсел Дишан и неговата уметност.

Но, тука станува збор за концептуална уметност и пораката која сака да ја даде уметникот. Таквите пораки можат да бидат моќни и да го поместат нашето разбирање на реалноста, па дури и да предизвикаат револуции во колективната свест.

Машината не знае што прави, од аспект на свесност, таа само учи од претходни искуства на луѓето и се обидува да даде одговор на претходно зададена задача од страна на човекот.

Сепак, таа несвесно и несакајќи, предизвикува нешто слично како што правеле движењата во уметноста, ликовната, музичка или филмска, ги поместува границите на возможното и ја поместува перцепцијата на реалноста.

Се разбира, машината одговара на упатства, пр:
[insert celebrity name] as a masters of the universe action figure, torso and face –testp

Резултатот од таквото упатство „направи ми (вметни име на актер/ка) како фигура од Господари на вселената, торзо и лице“ се фасцинантни. Речиси се работи за фигури кои можат да се допрат и почувствуваат.

Па, ете, како следен чекор, кога оваа технологија адекватно ќе се поврзе со 3Д принтер, ќе може да се испечатат вистински вакви фигури.

Видете ги резултатите:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.