Која е врската помеѓу рок музиката и астрономијата?

Освен што зборот „рок“ на англиски значи карпа, а нашата планета е една од четирите „карпести“ планети од внатрешниот дел од Сончевиот систем, се чини дека рок музиката нема апсолутно никаква врска со науката и астрономијата. Но, дали е така?

Joy Division – Unknown Pleasures (1979)

Gear Rundown: Joy Division's 'Unknown Pleasures'

Иконичкиот бенд Joy Division на нивниот албум Unknown Pleasures излезен во јуни 1979 година, искористиле слика од пулсар.

Што е пулсар? Пулсар (Pulsar, pulsating star, пулсирачки радиоизвор) е високо магнетизирана ротирачка неутронска ѕвезда која емитира зраци на електромагнетно зрачење од своите магнетни полови.

На албумот од Joy Division е дадена слика на радио брановите од пулсарот CP 1919. Подоцна неговото име е сменето во PSR B1919+21. Се работи за пулсар со период од 1,3373 секунди и ширина на пулсот од 0,04 секунди. Откриен од Џоселин Бел Барнел на 28 ноември 1967 година. Тој е првиот откриен пулсар.

Тогаш сметале дека моќта и регуларноста на сигналите личат на вонземски сигнал, поради што изворот го доби прекарот LGM, подоцна LGM-1, “little green men”, во превод „мали зелени човечиња“.

Преслушајте го албумот, и денес звучи модерно!


Pink Floyd – The Dark Side of the Moon (1973)

„The Dark Side of the Moon“ (1973), ремек-делото на англискиот рок бенд Pink Floyd, е веројатно најомилен омот на албум на научниците.

Дизајниран од графичкиот дизајнер Сторм Торгерсон во фотографското студио Хипгнозис. Шематски го репродуцира познатиот експеримент спроведен од Исак Њутн во 1676 година за оптичките феномени на прекршување и дисперзија на светлината. Низ триаголна стаклена призма, зрак од бела светлина се отклонува и прекршува во неговите основни компоненти, односно седумте бои на виножитото.

Иако уметничката репрезентација не е сосема научно точна, изгледа одлично!


Brian Eno – Apollo: Atmospheres and Soundtracks (1983)

Eno, Eno & Lanois / Apollo: Atmospheres & Soundtracks / Extended Edition –  Ban Ban Ton Ton

Apollo: Atmospheres and Soundtracks е деветтиот самостоен студиски албум на британскиот амбиентален музичар Brian Eno, излезен во 1983 година. Не се работи за рок музика, но поради сестраното влијание на Brian Eno врз музиката општо, па и рокот, и овој албум е вклучен во листата.

Музиката од албумот се појавила во филмовите 28 Days Later, Traffic, Trainspotting и The Lovely Bones.

Орбиталната фотографија на површината на Месечината е рачна фотографија од камерата Хаселблад направена за време на мисијата на Аполо 17 во декември 1972 година. Го прикажува најјужниот дел од Mare Serenitatis на источниот дел од блиската страна на Месечината. Видливи се и Promontorium Archerusia (издолжениот систем на ридови), Brackett (плиткиот кратер), Dorsum Nicol (гребенот со брчки), Rimae Plinius (трите жлебови) и северниот дел од работ на изразениот кратер Plinius.


Постојат уште многу други албуми кои ја поврзуваат науката и музиката, а некои од нив се албумите The 2nd Law на Muse, Dawn of Midi на Dysnomia, Is This It на Strokes, VU на Velvet Underground и многу албуми на Kraftwerk!

Но, за овие албуми во некоја друга прилика.

One thought on “Која е врската помеѓу рок музиката и астрономијата?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.