1999: Најдобрата година во филмската индустрија! (дел 2)

Зборувавме за 1999 година како за една од најдобрите години во модерната американска филмографија. Ги споменавме и обработивме детално филмовите кои оваа година ја дефинираа како „година на канцеларискиот филм“.

Но, да видиме кои други филмови ги понуди оваа интересна година.

Внатрешен затвор наспроти затворот на канцеларијата: Магнолија, Очи ширум затворени и Да се биде Џон Малкович (Magnolia, Eyes Wide Shut and Being John Malkovich)

Во претходната смисла, филмовите како Магнолија, Очи ширум затворени или Да се биде Џон Малкович го доведуваат во прашање самото постоење, сопственото значењето во светот на површните вредности, лузните оставени на личноста од нарушените врски, лошите татковци и траумите од детството. Тие се одлична студија за човечката психа и промените низ кои таа мора да помине доколку личноста сака да „порасне“. Но, што е сепак растот и кога личноста се развива во нејзината возрасна форма која е толку тешко да се промени?

Тоа прашање е присутно во филмовите за тинејџерската анксиозност и полнолетството, па дури и во средношколските романтични комедии како Девојка, прекината, 10 работи што ги мразам за тебе, па дури и во глупаво-смешната Американска пита (Girl, Interrupted, 10 Things I Hate About You, American Pie).

Има многу други значајни филмови од 1999 година, но би била потребна книга за да се анализираат сите, па да споменеме само некои од нив.

Две зачадени двоцевки (Lock, Stock and Two Smoking Barrels)

Клучниот филм на Гај Ричи кој му претходеше на Snatch, и на многу начини беше прото-верзија на второто, попознато дело на режисерот. Тоа ја лансираше неговата кариера како и кариерата на Џејсон Статам како мачо тепач со коцкасто лице. Дебели акценти, ултра-насилство, брзо и смешно, секако вреди да се погледне.

Догма (Dogma)

Пародијата на Кевин Смит, сатира на католичката црква и контроверзен филм. Аланис Морисет како Бог носи насмевка на лицата ана публиката, а динамичното дуо Афлек-Дејмон е глетка која треба да се посведочи. Се сеќавате на филмот Небото над Берлин (филм на Вим Вендерс од 1987 година)?

Проектот Вештерка од Блер (The Blair Witch Project)

Филм за кој екипата потрошила малку, но добила се! Значењето на овој филм за кинематографијата и различните начини на снимање филмови е огромно. Хоророт доминираше на кино благајните долго време по овој филм.

Шестото сетило (The Sixth Sense)

Истото важи и овде. Брус Вилис и Хејли Џоел Осмент (во улогата на детето “I see dead people”), глумат во овој натприроден трилер на M. Night Shyamalan со еден од најдобрите заплетски пресврти во оваа филмска година на одлични заплети.

Куче дух: Патот на самурајот (Ghost Dog: The Way of the Samurai)

Филм на Џим Џармуш, со Форест Витакер, актер кој имаше една од најзначајните улоги во уште еден „џармушовски“ филм, Чад (Smoke) на Вејн Ванг. Од друга страна, Куче дух е „тарантински“ филм, но и претходник на Убиј го Бил (Kill Bill). Филм кој лежи некаде помеѓу источната филозофска мистицизам и њујоршката урбана култура, со саундтрак на филмот од RZA на Ву-Танг Клан. Еден од филмовите кои ги крунисаа 90-тите.

Сè за мајка ми (All About My Mother)

Филм на Педро Алмодовар со кој заработи светска слава. Филм кој функционира на неколку слоеви и испитува неколку важни теми, една од нив е модерната тема на трансродови идентитети, и е важен како и Момчињата не плачат (Boys Don’t Cry) во таа смисла.

Обична приказна (The Straight Story)

Еден од најобичните, но и најдобри филмови на Дејвид Линч. Драма за 73-годишниот ветеран од Втората светска војна кој патувал 240 милји на својата косилка за да го посети својот отуѓен брат.

Филмовите кои не се најдоа на листата, но исто така е важно да се споменат (во оригинал): The Virgin Suicides, The Talented Mr. Ripley, Notting Hill, Election, The Green Mile, The Hurricane, Go, The Insider, October Sky, Galaxy Quest, The Mummy, The Boondock Saints, The Ninth Gate, The Cider House Rules, Blast from the Past, Existenz…

Прочитајте го и првиот дел од нашиот приказ на 1999: Најдобрата година во филмската индустрија!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.