Дали знаевте дека и Драчево е во Скопје!?

Арно.мк отвора нова група за наречена „И Драчево е Скопје“ со цел за подобрување на условите во населбата. Групата е отворена затоа што не најдовме друга слична која ги користи социјалните медиуми за општествена промена, сите се занимаваат со „барам/издавам“ активности. Единствена која вреди да се спомене и зборува за проблемите во Драчево е групата „Млади за Драчево“.

Во описот на групата пишува:

1) Депонии – да се исчистат постоечките диви депонии, да се оградат и да се надгледуваат и да нема повеќе други

2) Премногу отпади – во Драчево има и многу места кои се означени како „отпад“. Дали се тие легални? Дали некој ги контролира?

3) Улици и патишта – поставување на атмосферска канализација на сите улици во Драчево. Пополнување дупки не е ефикасна мерка, а цената ја плаќаат жителите со нивните автомобили.

4) Велосипедски патеки – додека во центар се крева бунт за искривена велосипедска патека околу контејнер, Драчево воопшто нема велосипедски патеки!

6) Тротоари и лежечки полицајци околу училишта – пр: околу Рајко Жинзифов половина од тротоарите не постојат. На Малешевска се тркаат автомобили!

7) Контејнери и оградување на околината на гробиштата – како една мерка против депониите на Марков рид

8) Семафори и правилно регулирани сообраќајници – да преминеш улица во Драчево е опасно по живот, мора да се регулира сообраќајот, по можност кружен тек…

9) Заштита на Маркова река, или барем на тоа што остана од неа…10) Катна гаража околу пазарот. Поради голем број на автомобили и казни ако се паркираш пред пазар. Постоечкиот паркинг не е доволен

ПЛУС помалку битни, но значајни нешта:

– Драчево нема книжара (не книжарница) – без култура нема напредок

Кучиња скитници – поголема контрола на истите

– Контејнери за селекција на пластика и хартија – освен тие за стакло, нема други

– Околината на КАМ да се исчисти и огради… итн.

Според нас Фејсбук групите се алатка за општествена промена. Оваа група ја отворивме затоа што не најдовме слична за Драчево по социјалните медиуми. Сите се користат за барам/издавам огласи, или за некои други небитни нешта. За тоа има огласници.

НЕ сме политички ориентирани и не подржуваме муабети за политички партии. Се што не интересира е Драчево да биде дел од Скопје и да се вложува во него. Политичарите заминуваат, градот останува на граѓаните.

Во пишаните историски извори Драчево за првпат се споменува во 1300 година. Во XV век било дел од Скопскиот санџак и едно од најголемите населени места во Скопската нахија. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов – Џинот во еден напис од 1855 за селото Драчево запишал дека е едно од богатите села кое со кромид и други зеленчукови производи може да ги снабдува сите поголеми градови во Македонија.
Ако веќе гледаме историски на нештата, ние на Драчево гледаме како на Македонија во Југославија. Тогаш нашата држава беше дел од една поголема заедница, но секогаш беше оставано настрана. Најмалку се вложуваше во Македонија, а таа даваше најмногу за Југославија. Слично е со Драчево, оставено настрана и запоставено. Нема да дозволиме да бидеме депонија за другите населби!


На Арно.мк веќе пишувавме за проблемите на Драчево тука, а во повеќе наврати известувавме за состојбата со депониите на влезот на Драчево и на Марков рид.

Депонијата 1 и 2 се исчистени и оградени, другите остануваат.

Тимот на Арно.мк стои зад некои еколошки групи како:

Наши иницијативи се:

Наши изданија се и едукативните и бесплатни книгички како:

25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш 

Дај, не фрлај’“ – од Фејсбук група до еко-револуција! 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.