Астрономска опсерваторија во Македонија и Кокино, втор дел

По неколку дена од отворањето на групата Астрономска опсерваторија во Македонија, дознавме неколку интересни нешта за кои вреди да се продискутира, па ни се чини дека допрва ќе пишуваме за оваа тема.

За овие (нови за нас лаиците, можеби познати за експертите) сознанија пред се е заслужен Александар Шулевски, истражувач поврзан со радио интерферометарот за ниски фреквенции LOFAR и постдокторант при институтот за астрономија на Универзитетот во Амстердам (UvA) – Холандија.

Споменавме дека до сега во неколку наврати стручњаците се обидувале да ја покренат темата на ваква опсерваторија во Македонија, но најзначаен момент е проектот за градење астрономска опсерваторија на планината Плачковица, кој бил критикуван од неколку домашни научници. Како и да е, оваа идеја не се оствари.

Тимурленк Чековиќ, магистрант по кризен менаџмент на Воената Академија во Скопје, предложи локација на врвот Рамно, според него „место оддалечено на само 30км од Скопје, напуштен бивш воен камп (белгиски камп) со сета потребна инфраструктура кој има струја и многу поволно место за набљудување на ѕвездите.“ 

May be an image of text that says 'што E потребно да Ce изгради астрономска опсерваторија? место каде што нема светлинско загадуване (вештачка светлина). астрофакт#1 астрономска опсерваторија BO македонија www.facbokco/gous/osrvatorijamk Powered by: Arno.mk & Science.mk'

Македонија има долга историја на астрономски опсервации, како локалитетот Кокино (за кој пишувавме скоро), но и тука работите не се сосема јасни. И самите научници, архелози како Василка Димитровска и астрофизичари како Александар Шулевски ја карактеризираат оваа локација како проблематична. 

Тие објаснуваат дека Кокино се уште не е признаено како мегалитска опсерваторија. Во неговата исцрпна анализа за одбивањето на Кокино од Листата на светско културно наследство Александар објаснува дека ICOMOS (International Council on Monuments and Sites) „смета дека е од особена важност да се усвои меѓународен пристап во проучувањето на овој локалитет, според современите стандарди на архео астрономијата кои се поставени од страна на IAU [Меѓународната Астрономска Унија] и ICOMOS.“ Воедно додава дека нештата поврзани со Кокино, археоастрономијата и астрономијата генерално се подобрени, откако тој пишувал на таа тема, особено тоа што:

Во врска со тоа што допрва треба да се направи во врска со Кокино, тој додава: „Археоастрономскиот дел мислам дека треба да се доработи, пред се со помош на странска експертиза, па потоа да се види дали сакаме и можеме да аплицираме пак до ICOMOS.“ Значи работата е „work in progress”. На нашето прашање кои се клучните институции и инстанции кои треба да се придвижат (за двата случаи, Кокино и астрономска опсерваторија) Александар ни одговори дека тоа се:

  • Министерство за наука
  • Министество за култура 
  • Соодветните факултети од УКИМ (археологија и ПМФ)
  • Заинтересираните здруженија на граѓани.
  • Се ова треба добро да се менаџира и да соработуваат заедно

Важно е и да се дискутира во врска со местото на астрономијата пошироко, не само во рамките на државна научна опсерваторија. Според дискусиите во групата Александар истакнува: „Младите би било најарно да започнат дома, па после да одат и соберат искуство. Но, важно е не само за науката, туку и да се има место околу кое ќе гравитираат заинтересираните, а и да се засили активноста на аматерските друштва. Фалат и регионални опсерватории, градски, не само централна, универзитетска.“ За помали опсерватории тој предлага идеја како оваа (роботизирана автоматска станица), за вежби и подготовки, како прв чекор на патот кон научна астрономска опсерваторија или барем радио-телескоп.

Од дискусијата станува јасно дека работите полека се придвижуваат, но воедно и многу бавно. На ова поле треба допрва да се работи ако сакаме домашни експерти кои ќе имаат место за пракса и за истражување, а потенцијално ќе изградиме и средина во која младите креативни и талентирани луѓе ќе сакаат да останат, наместо да заминат, бидејќи немаат избор. Крајната цел е градење на стимулативна средина, а една машина базирана на визиите на Галилео, усовршена од Њутн и многу други по нив е само дел од приказната за тоа дека треба да ги учиме младите како преку гледање во минатото и влог во сегашноста можат да ја видат иднината.

ПС: Посетете го и првиот агрегатор за вести од науката и технологијата во Македонија, Science.mk.

НАУКА МК -Агрегатор за вести од науката и технологијата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.