Кокино, помеѓу астрономијата и политиката

Мегалитската опсерваторија Кокино не се наоѓа на листата на Светско наследство на УНЕСКО бидејќи „бројот на можните точки за набљудување и маркерите може да укаже на случајно астрономско порамнување.“

Од друга страна, НАСА во 2005 го потврди статусот на Кокино како античка мегалитска опсерваторија.

Се проблематизира ставот на УНЕСКО особено поради фаворизирање на одредени локации во Европа и „спорните одлуки за избор на локациите и негативното влијание на масовниот туризам врз локациите кои не можат да управуваат со брзиот раст на бројот на посетители.“ Исто така се признава постоење на „голема лобистичка индустрија околу наградите, бидејќи листата на светско наследство може значително да го зголеми приносот од туризмот. Понудите за списоци на локации честопати се долги и скапи, ставајќи ги посиромашните земји во неповолна положба.“

Независно од тоа, Кокино е наше и горди сме на него. Но, не можеме вечно да се „вадиме“ на минатото, време е да создадеме и иднина. Затоа е крајно време да се изгради модерна научна астрономска опсерваторија во Македонија.

Приклучете се во групата „астрономска опсерваторија во Македонија“.

One thought on “Кокино, помеѓу астрономијата и политиката

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *