Учебната година да започне онлајн додека не се создадат услови за физичко присуство

Услови за физичко присуство пред се подразбираат помирна епидемиолошка ситуација во Македонија, која е на праг да биде на црна листа за патување во ЕУ. 

Понатаму, потребно е не само да се усвојат протоколите за настава, туку со истите да се запознаат наставниците и учениците. Не на првиот ден на училиштето, туку многу порано.

Исто така е потребно да се создадат подобри услови во училиштата, кои се имаат голем број деца, мали училници и недоволно капацитет, на што апелира и кадарот од средните училишта.

Не е јавна тајна дека поголем број од училиштата ги немаат условите за остварување на протоколите.

Дилеми во врска со одлуката да се започне со настава

МОН објави дека ќе се почне со настава со физичко присуство, но не направи ништо да се спроведе истото на време. Освен тоа, нивната објава е полна со нелогичности, ненаучности и недоследности. Да видиме.

1) Училиштата не се подготвени за протоколите

Протоколите се усвоени, но на хартија, кој е практично запознаен со нив? За секоја кризна ситуација е потребна обука, а нашите наставници и деца ја немаат. Тоа е како да фрлите цивил во војна и да се надевате дека ќе научи да ракува со оружје во текот на борбите. Освен тоа училниците се пренатрупани.

2) Искуствата не важат

Се соочуваме со нова форма на вирусот, од кој заболуваат се повеќе млади, вирусот е посилен, полесно се пренесува и се уште не се знае колку се ефикасни вакцините, а заболуваат и тие кои го прележале вирусот.

Искуствата од претходната година се темелат на мал број ученици, според што не се релевантни за анализа на сегашната состојба

Објавата за тоа дека ланската година покажа дека училиштата не се жаришта е сосема грешно заклучување затоа што се работело за сосема други услови (помалку деца, помала возраст) и поинаква варијанта на вирусот.

3) Епидемиолошката состојба во МК е очајна

Додека не се дознае зошто е тоа така, населението треба да се заштити. Еден од начините за заштита е ограничување на престој на поголем број луѓе подолго време во затворени простории – училници.

4) Протоколите се нејасни, предоцна се донесуваат и никој не знае како ќе ги примени реално

Два дена пред почеток на училишната година, ниту едно училиште не знае какви протоколи треба да се спроведуваат, и има многу нејаснотии.

5) Заклучок

Социјализацијата е битна, и едукацијата е битна, но правото на живот е пред се!


За крај – збор два за правата на наставниците

И минатата учебна година апелиравме за вклучување на наставниците во донесувањето одлуки, но тоа не се случи. Повторно никој не ги праша, ниту им остави избор (учениците може да изберат онлајн настава, а наставниците дури и да се ризични или имаат ризичен член на семејството, не можат да бираат). Се чини дека истата пракса продолжува и понатаму.

Се додека се занемаруваат тие кои се носители на образовниот процес, ќе немаме солидно образование.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *