Нови сознанија за астероидот кој паднал во Украина и ги „дотепал“ диносаурусите!

Масовното изумирање за време на геолошките периоди креда-терцијар (Cretaceous–Paleogene extinction event, K–Pg) пред 66 милиони години не е единственото во историјата на нашата планета, но е секако познато по уништувањето на диносаурусите. Сепак, не страдале само тие.

Cretaceous–Paleogene extinction event - Wikipedia

Тогаш изумреле 3/4 растителни и животински видови, а ниту едно ектотермно суштество (животни чија телесна температура зависи директно и главно од температурата на околината) потешко од 25 килограми не преживеало (со исклучок на некои видови желки и крокодили). Се разбира, самото постоење на птиците, кои еволуирале од диносаурусите, зборува за тоа дека не изумреле сите диносауруси.

Кратерот Чиксулуб настанат од удар на (астероид или комета) со најмалку 10 км во пречник е широк 180 км (на полуостровот Јукатан во Мексико) и е познат како причината за ова истребување.

Во приближно истиот период се случила и ерупција на огромна вулканска област (Large igneous province) во Индија. Оваа ерупција била толку голема што можела да ја смени климата на планетата. Сето ова не се случило за еден ден, според последните пресметки процесот траел 30.000 години.

Но, со откривањето на кратерот Boltysh во Украина со ширина од 24 км кој се случил во геолошки близок период со претходниот удар научните сега веруваат дека не се работело само за еден настан (Чиксулуб), или ерупција на вулкан(и), туку за серија на удари и комплексни геолошки и климатски процеси кои довеле до масовното истребување на 3/4 од живите суштества на нашата планета.

Во ова сценарио ударот во Украина бил последна случка која „ја изморила маслинката“ и ги дотепала диносаурусите заедно со другите живи суштества.

Ваквите настани се случуваат периодично што се гледа и од овој интересен графикон:

Истребувањето на диносаурусите е означено со претпоследната вертикална линија.

Тие кои сакаат да дознаат повеќе можат да го погледнат видеото на прекрасниот Антон:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *