Еко-таксата е добра идеја, не треба да биде еднаква за сите!

Од 1 јули во Македонија ќе се воведе т.н. еко-такса. Како прво, сметаме дека терминологијата е грешна, бидејќи овој поим во светот се користи за такса на загадувачи. Она што се планира кај нас е подобро дефинирано како „јаглеродна такса“ (CO2 такса, Carbon Tax), која би го полнела еколошкиот фонт со 54 милиони евра.

Весниците пренесуваат дека таксата ќе изнесува 3,5 денари за нафта и нафтени деривати. Исто така ДДВ на струјата ќе се намали од 18% на 5% во времетраење од 1 година.

На нашиот портал секогаш сме поддржувале добри еколошки идеи, а сме критикувале лоши. Негрижата за околината е нешто што не засега сите и затоа оваа идеја ја сметаме за добра, но се плашиме од лоша изведба, или искористување на добра идеја за лични интереси, како што честопати е случај во нашата околина.

Се разбира ваквите промени се дел од Европските и светските еко-промени во политиката и уредувањето на државите и немаат никаква врска со локалната политика.

Сепак, политиката влегува во игра кога се поставуваат прашањата како правилно менаџирање на парите од еко таксата.

How Much Pollution Do Gasoline-Powered Lawn Mowers Cause? - Washington City  Paper

Едно друго многу важно прашање кое треба да се дебатира е кој треба да биде ослободен од еко таксата? Според нас, пред се треба да бидат ослободени земјоделците, бидејќи машините кои ги користат работат на нееколошки горива, но целта е производство на добра од кои зависи државата и граѓаните.

Како втора категорија на потенцијални ослободени од овој данок треба да биде (јавниот) транспорт на добра и луѓе (камиони и автобуси). Тука треба точно да се дефинира кој и што би спаѓало во оваа категорија. Истовремено треба да се работи на возниот парк, да се префрлува на поеколошки варијанти, да се забрани увоз на стари возила итн. нешта кои веќе делумно се прават, но недоволно се спроведуваат.

Порталот Арно, како основач на неколку еколошки групи, меѓу кои и „И јас одам со велосипед на работа“ се залага за еколошки транспорт. Возењето велосипед и (електричен) тротинет е одлична работа. Ем брзо, ем ефтино! Со велосипед или електичен тротинет во градот (Скопје) ќе стигнете секаде побрзо отколку со автомобил. За овие и други нешта поврзани со тоа колку е здраво возењето на велоспиед веќе пишувавме.

Значи, да заклучиме, ја поддржуваме идејата за еко-такса, но треба да се размисли внимателно какви последици (освен позитивните по околината) би имала таа на економијата, земјоделците, превозниците и граѓаните.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *