По домашните социјални медиуми постојат повеќе групи кои го промовираат возењето на велосипед во градски и други средини.
Според групата „И јас одам со велосипед на работа“, возењето велосипед е значајно затоа што:
„Велосипедот не троши гориво и е еколошки, тој не загадува, ниту вас, ниту другите и така ќе имаме почист воздух за сите…“
Науката дава многу причини зашто возењето велосипед е корисно за вашето тело и вашиот ум, прочитајте повеќе во оваа статија.
И за крај, еве една интересна илустрација за тоа кои се некои од придобивките од возењето велосипед.

Па, приклучете се, добро е за вас и за сите нас!