Се подготвува нова еколошка крипто-револуција!

Прашањата поврзани со екологијата, особено тие со создавањето вишок C02, како последица на традиционалните начини на производство на енергија, се на врвот на листата на приоритети во светот денес.

По големиот бум на крипто-валутите, следеше голем пад. Причината? Се разбира, семоќниот пандан на Тони Старк од реалноста – Илон Маск кој живее во свет во кој една порака на социјална платформа може да ја крене до небо или да ја симне до земја вредноста на една валута. Тоа е денешната реалност.

По последните одлуки на Илон Маск дека нема прифаќа крипто-валути за нарачки од Тесла, вредноста на овој алтернативен финансиски модел доживеа остар пад. Но, зошто Илон маск се реши на нешто такво?

Крипто-валутите функционираат на еден систем наречен „копање“, при што корисниците купуваат силни машини и решаваат комплексни математички компоненти. Се разбира, овие „копачи“ не се математички гении, тие користат програми со помош на кои ги прават овие пресметки.

Она што е интересно е дека овие методи развиваат една паралелна економија и заработка, особено во неразвиени земји кои имаат ниски цени на електрична енергија. Последица на сето тоа е создавање на големо количество стакленички гасови.

Се разбира, кој ќе ги оправи работите ако не истите луѓе кои биле инволвирани во создавањето на крипто-валутите. Виталик Бутерин, создавачот на едната од најпознатите крипто-валути, Етереум, најавува префрлување на неговата валута од системот ‘proof-of-work’ model (POW) на ‘proof-of-stake’ (POS). Не можеме да се преправаме дека знаеме што значи тоа од технички аспект, но од практичен ќе значи 99.95%. пати помалку користење енергија за „копањето“ – ако воопшто се нарекува така во новата верзија на Етереум 2.0.

Ethereum 2.0 - What is Proof of Stake?

Остануваат отворени прашањата како сите тие измени ќе се одразат на малите, неразвиени земји во ко многу луѓе најдоа излез од сиромаштијата преку копањето крипто-валути.

Сепак, Виталик е докажан борец за децентрализираните, open-source проекти и активности од кои целото човештво има корист, така што се надеваме дека новите измени нема да ги оштетат малите и незаштитените. Лично самиот е незаинтересиран за богатството и откако успеал да заработи голема сума во т.н. SHIB валути, голем дел од нив ги подарил на добротворни организации и на COVID-19 Crypto Relief Fund. Со неговите зборови:

Најважните јавни добра ги создаваат „луди“ индивидуи кои не се согласуваат со мнозинството.

Прочитајте повеќе тука.

И „обавезно“ изгледајте го новото гостување на Виталик на подкастот на уште еден „чудак“ Лекс Фридман:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *