За Евровизијата, за рокенролот, дрогите и за тоа како 2020-тите можат да станат новите 1990-ти!

Евровизија е една кич-парада на преправена еднаквост и плагијаторска квази-музика! Ок, штом ги поставивме основите на текстов, сега можеме да позборуваме за масовните предрасуди од страна на претерано разгалената публика на кои деновиве се подложени победниците Måneskin.

Како некој кој носел долга коса и „откачена“ облека уште од тинејџерските години сочувствувам со Италијаните Måneskin. За да разбереме како стигнавме до ова „дереџе“ потребно е да се вратиме три децении наназад. 

Nirvana, Pearl Jam, Soundgarden: 50 Best Grunge Albums - Rolling Stone

Гранџ 1990-ти и судирот со постарите генерации

Во 1990-тите рокенролот и неговите поджанрови како хард-рок, панк-рок, гранџ и други доминираа со светските топ листи. Тогаш бев средно училиште и слушав гранџ, но и метал, електронска музика и се друго што го сметав за бунтовно. Такво беше времето.

Сепак, таквата музика и стил на облекување не беше универзално прифатена. На моите професори во средно училиште им требаше многу време да се помират со мојот изглед и дел од нив никако не можеше да разбере како некој кој изгледа како мене може да биде и добар ученик.

Но, и надвор од училиштето не беше лесно. Сум бил нарекуван „наркоман“, „валкан металец“, „пропалица“… итн. Отсекогаш ме чудела таа парадоксална констатација дека поинаквите луѓе мораат да бидат наркомани само поради нивниот изглед, кога сите ние, алтернативци, уметници, знаевме дека турбофолкерскиот мајндсет отсекогаш бил поголем љубител на тешките дроги и жестокиот алкохол. Не за џабе постојат стиховите „Хајде да се дрогирамо.“

Освен тоа, не смееме да заборавиме на илјадниците легални зависници од Лексилиум, Дијазепам, Хелекс и слични многу опасни и зависни, но сосема легални, супстанци чија единствена цел е да го отапат умот и да го умртват телото. Според статистиките секој втор граѓанин ги користи овие супстанци, што е алармантно.

Алтернативецот е среќен со пиво и џоинт (со легализација на марихуаната во светот сега можеме веќе слободно да зборуваме за тоа). Лично не сум љубител на опојни средства, не пијам, не пушам, не користам забранети супстанци, но верувам во слободата секој човек да има право да избере што ќе внесе во сопственото тело. Негово тело и ум, негов избор.

VISOKO - LEXILIUM CITY | Visoko

За дрогите, легализацијата и декриминализацијата

Погледнете го случајот на Португалија која ги декриминализираше сите дроги и со тоа ги намали зависностите! Општата популација нема никаква корист од криминализацијата, туку како што самото име налага од неа имаат корист само криминалните групи!

За дрогите постојат многу дезинформации. Потребна ни е масовна едукација за видовите опојни дроги, ризиците, како и предупредување на помладите за нивната штетност за развој на мозокот. Треба да се отвори и јавна дебата за легалните дроги, алкохолот, цигарите, хипнотиците и анксиолитиците. Потоа можеме да зборуваме за некаква декриминализација или легализација, дури и на полесните дроги.

Дали знаевте дека на светско ниво алкохолот убива 3 милиони луѓе годишно и тоа е речиси 6% од сите смртни случаи!

Тоа се факти кои треба да се знаат, како и тоа дека алкохолот уништува семејства, повредува луѓе (директно или индиректно) и застранува млади личности од продуктивната улога во општеството.

Такви и многу други страшни факти се наведени во многу студии. И покрај сето тоа алкохолот е сосема легален и се наоѓа во секоја продавница, покрај лижавчиња, сладоледи и сликички од светско првенство!

Free download Foo Fighters Computer Wallpapers Desktop Backgrounds  1920x1080 ID [1920x1080] for your Desktop, Mobile & Tablet | Explore 49+ Foo  Fighters Wallpaper 1280x800 | Foo Fighters Wallpaper 1280x800, Foo Fighters  Wallpaper,

Да се навратиме на музиката

Преседан во кој музиката доминира со топ-листите не се случи од 1990-ти и рокенролот набрзо беше заменет со други жанрови. Се разбира рокенролот опстоја, можеби најмногу благодарение на Foo Fighters чиј фронтмен, Дејв Грол, некогашниот тапанар на Nirvana, работел напорно за зачувувањето на рокерскиот дух во медиумите, преку неговиот музички и филмски ангажман. Но, ми се чини најмногу преку уривањето на парадигмата дека рокенролот мора да биде агресивен и непријателски. Дејв е олицетворение на благороден, пријателски расположен, алтруистички настроен музичар (кој се разбира нема да трпи „срања“ ако му ги наметнете).

Дел од таа револуција и враќањето на рок музиката на топ-листите се и панк-легендите на новото време, Idles, кои со нивната енергија, награди и настапи во живо ги креваат стандардите на панк-рок музиката. Но, тие се одличен пример за тоа како нештата во музиката и културата не се секогаш така како што изгледаат. Панкот го измисли „straight-edge“ движењето, а Idles пејат за разбирање, љубов и неагресија.

Се разбира, тука се и Slaves, како и The White Stripes, The Orwells, Savages, Viagra Boys, Heavy Lungs, Fontaines D.C, The Strokes, The Black Keys, Arctic Monkeys, The Kooks, The Raconteurs, Sleaford Mods, Deap Vally, незаборавните Royal Blood, како и многу други. Преслушајте ги, зашто некои од овие бендови се на листата на омилените бендови на победниците на годинешната Евровизија, Måneskin.

Се чини дека 2010-тите само нѐ подготвуваа за 2021 година, како официјален почеток на новата деценија во која рокенролот ќе се искачи повторно на топ-листите. И не сум единствениот кој мисли така!

  • Во февруари 2021, десеттиот студиски албум на Foo Fighters, Medicine at Midnight, дебитираше на 3-то место на топ-листата Billboard 200. 
  • Во март, петтиот студиски албум на gothic rock бендот Evanescence, The Bitter Truth, се пласираше на единаесеттата позиција.
  • Во април на сцената се вратија „чудото-од-бунтовни-деца-на-90-тите“ Offspring, со албумот Let the Bad Times Roll
  • Истиот месец реинкарнацијата на Led Zeppelin во форма на Greta Van Fleet го објавија The Battle at Garden’s Gate кои го достигнаа врвот на топ-листата на Billboard Mainstream Rock.
  • Понатаму Typhoons на гореспоменатите панк-рокери од Англија Royal Blood, ја достигна 11-тата позиција на топ-листите во САД.
  • Францускиот метал бенд Gojira со седиште во Њујорк го зазема местото на најпродаван албум во САД за изминатата недела со реномираниот Fortitude.

Се чини дека – со зборовите на пејачот на Måneskin, кој беше обвинет дека е наркоман само затоа што ја спуштил главата надолу – „рокенролот не е мртов!“

Она што е можеби мој „wishful thinking“, но се повеќе наликува на реалност – барем судејќи според гласовите на публиката за Måneskin – е дека 2020-тите ќе бидат нови 1990-ти… и време беше!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *