Кој го измислил електричното столче и уште 10 бескорисни факти ако сакате да звучите паметно

  1. Забар го измислил електричното столче

Ако немавте доволно причини да се наежите од забарската дупчалка, еве ви уште една. Забарот кој го измислил електричното столче се викал Алфред (Alfred Porter Southwick). Очигледно не му било доволно да ужива во болката на неговите забарски пациенти.

  1. Крилјата на Боинг се подолги од првиот лет на авион

Поточно Боинг 747s, кој има распон на крилја од 68.4 метри. Првиот лет на браќата Рајт изнесувал 37 метри.

  1. Ескимите имаат 15 зборови за „снег“… бррр!

Ескимите толку многу го сакаат снегот што од него прават живеалишта и имаат 15 зборови да го опишат, дури и без зборовите како „сладолед“.

  1. САД произведува 1/5 од светскиот отпад

И тој отпад завршува во дворот на сиромашните земји. Капитализам, бејби!

  1. Кокаинска кола

Кога сме веќе на тема пластичен отпад, од 1885-1903 година (кога уште се пакувала во реупотребливи стаклени шишиња) Кока-Кола содржела кока (со активната состојка кокаин).

  1. 40% профит за Мекдоналдс од „среќните“ дебели деца

Среќен оброк (или Happy Meal) носи 40% од целиот профит на Мекдоналдс

  1. Кечап, наместо „рицино“!

Во 1830-тите кечапот бил продаван како лек.

  1. Радиоактивни креми

На почетокот на 20-от век многу козметички производи содржеле радиоактивни елементи за кои се верувало дека „ја подобруваат циркулацијата, ги зацврстуваат мускулите, ги намалуваат мастите и ги мазнат брчките“. За жал, подоцна откриле дека главниот „бенефит“ е дека корисниците ги лишуваат од живот!

  1. Венди е измислено име, зарем не се сите?

Името Венди прв пат било употребено и измислено од авторот на книгата Петар Пан.

  1. Колатерална штета на Втората Светска Војна

Првата бомба фрлена на Берлин од страна на Сојузниците била фрлена врз Зоолошката градина и убила – еден слон! Не се знае дали тоа била одмазда за бомбардирањето на Белградската зоолошка од страна на нацистите, опишано во филмот „Подземје“ на Емир Кустурица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *