Вселенскиот телескоп Џејмс Веб (James Webb Space Telescope) е жешка тема во научните кругови. Требал да биде лансиран во март 2020 година, но сите знаеме што се случи во светот тогаш. Новиот датум за лансирањето е во октомври 2021 година.

1.200 научници, инженери и техничари од 14 земји учествувале во дизајнирањето и изградбата на овој телескоп, кој ќе може да „види“ инфрацрвена светлина. На тој начин ќе можеме да добиеме многу повеќе информации за атмосферата, па дури и за градбените елементи на животот на другите планети надвор од нашиот сончев систем.
Според Мичио Каку, теоретски физичар и популаризатор на науката, овој телескоп ќе пронајде живот на другите планети. Тој надополнува дека дури и да ги пронајдеме вонземјаните, не би било паметно да ги контактираме и не потсетува што се случило со Ацтеките кога го оствариле првиот контакт со шпанските освојувачи на новиот свет.

Ова мислење го изнел одамна Стивен Хокинг, а Нил Деграс Тајсон оди уште подалеку. Тој вели дека нашиот генетски код се разликува од тој на шимпанзите за 1% и поставува прашање што ако потенцијалните вонземјани имаат за 1% „подобар“ генетски код од нас. Што би ги спречило да гледаат на нас како на животни кои треба да се чуваат на фарма и да се одгледуваат за лична корист.
Одговорот е дека нема да знаеме додека не ги „запознаеме“ вонземјаните. Прочитајте повеќе.