Вистината за дрвата и за аерозагадувањето

Во Македонија 1,2 милиони жители се греат на дрва. Еден милион и двесте илјади жители е огромна бројка. Тоа значи дека по 300.000 огнови се палат секој ден, 300.000 оџаци чадат секој ден.

Luftqualität 2014: Stickstoffdioxid wird Schadstoff Nummer eins |  Umweltbundesamt

Ако секој ден палиме по триста илјади огнови, зошто е толку чудно што Македонија е една од најзагадените држави на планетава?

Честопати читам по јавни дискусии на темава на Фејсбук и популарното мислење е дека горењето дрва е најмалку одговорно за загадениот воздух.

Најчести коментари се: „Порано сите се грееле на дрва и живееле по 101 година,“ „Јас цел живот на дрва се греам и ништо не ми е“ , „Дрвото е природен и најеколошки производ“ , „Не е проблем дрвото, туку гуми што палат“ , „Недосушено дрво палат, тоа е проблемот“, „Владата ве лаже…“.

Порано навистина ни беше „добро“ кога во бензинот имаше олово и сулфур, кога сопирачките беа направени од азбест, кога сите четири оџаци на „Железара“ работеа, кога се пушеше по кафулињата, кога не прскаа со отров против комарци од авиони, по безброј пати, кога „Охис“ и „Цементарница“ работеа со полна пареа, кога снегот беше црн за половина ден.. ахх носталгија!

Да беа огнот и чадот добри, ќе дишевме чад, зарем не? Зошто ве печат очите кога сте во близина на чад? Mожеби чадот и не е најдобар за нас.

Кога бев дете и ние по дома се греевме на дрва и на јаглен. Немаше друго: или на дрва/јаглен/нафта или со термопечка!

Ако сте заборавиле како оди целиот процес, да ве потсетам. Прво купуваш дрва, најмуваш некој да ти ги исече, ги ставаш едно по едно во подрум, секој ден се симнуваш во подрумот и цепиш дрва, ги носиш дома, палиш оган, внимаваш да не се изгаси огнот, се изгасил огнот, пак го палиш… Одлично си загреал една просторија, а во другите простории палиш термопечка. Јасно, во тоалетот нема греење, па секое „идење“ таму ти е „доживљај“.

How to Warm up a Freezing Cold Toilet Seat - Dollar Shave Club Original  Content

А сега со парно буквално не треба ни да го уклучиш, само му ја мисли на се.

Друга работа, кога ќе влезете во некој дом или куќа веднаш знаете дека се греат на дрва, не треба ни печката да ја видите, едноставно чуствувате по мирисот. Мирисот на „изгорени дрва“ значи дека системот не е херметички затворен и дека од некаде „протекува“ чад. Данците направиле дури една студија во која откриле дека просторијата која се загрева со дрва станува 60 пати позагадена по палењето на оганот. Значи луѓето што се греат на дрва сами си се трујат. Не ми верувате? Викнете некој со мерач на ПМ честички да ви измери колку ви е загадено дома.

Дрвјата не паѓаат од небо, некој ја сече шумата за да има огревно дрво. Сите сечат, а никој не сади нови дрва. Според заводот на статистика секоја година се користат за огрев околу 1.328.979 кубици дрво. Милион и триста кубика дрва.

Ете, сега знаете каде одат шумите – во печка!

Само едно нешто сакам да запаметите од оваа статија – секој ден црн чад излегува од домовите на 1,2 милиони жители на Македонија.

Ако прашувате од каде ги „извадив“ податоциве и навистина ве интересира темава, еве неколку линкови:

ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГЕНТИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА, 2014

Загадување од горење дрва домовите (данска студија)

25 факти за аерозагадувањето – Бесплатна книга

И за крај – решенија:

Има само едно решение за излез од ситуацијава, а тоа е вложување во почисти варијанти за греење. Ако еден имаме малку повеќе средства, ќе платиме малку повеќе и со притискање на едно копче ќе имаме топол дом. А деновите кога секој ден одевме по дрва да загрееме една просторија во која воздухот полека не убива, ќе бидат дел од минатото. 

И најважно од се – топло ќе ни биде и во тоалетот, па ќе можеме да пишуваме злобни коментари на Фејсбук!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *