Електричен тротинет троши само 5 денари на 100 километри!

Сте се запрашале ли некогаш колку струја трошат електричните тротинети?

Електричниот тротинет Xiaomi MI M365 троши во просек 1.47 kWh на100 км. Ако тротинетот го полните на евтина струја преку ноќ која моментално чини 3 денари за евтина тарифа и за 100 км ќе потрошите 4,5 денари.

Фактички поевтино е да отидете со тротинет некаде отколку да пратите СМС. Или да отидете од Скопје до Охрид, за 171 км (теоретски!) ќе потрошите помалку од 10 денари.

Како го пресметавме 1.47 kWh на 100 km? Целата заслуга ја има овој веб сајт на кој ќе најдете детални статистики.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *