science.mk прв наш aгрегатор за вести од науката и технологијата

Науката е запоставена во нашата средина дури повеќе и од културата! Доволно е базично сурфање на поголемите портали и ќе забележите дека тие воопшто немаат категорија наука, а многу од нив немаат ниту „таг“ за наука.

Тимот на Арно.мк дојде до идеја да го отвори science.mk како место каде можеме да ги собереме сите домашни сајтови кои се занимаваат со наука, но и тие кои ѝ посветуваат внимание, за да го подигнеме статусот кој оваа дисциплина го има во нашето општество.

Science.mk е агрегатор за вести од науката и технологијата, но и една помошна алатка против дезинформациите и теориите на заговор, кои се шират како пожар во светот и во нашата средина.

Вестите ги преземаме од проверени извори, пред сè од нашиот сајт арно.мк, но и од други како Usb, Скопско астрономско друштво, Иновативност, Емитер и други.

Сметаме дека во денешно време е многу битно да се информираме од вистински извори и да бидеме објективни, зашто дезинформациите можат да доведат до погрешни одлуки не само лично за нас, туку и пошироко.

Сите имаме голема одговорност во денешно време, кога сме „бомбардирани“ со информации, да се едуцираме и да истражуваме што е можно повеќе пред да донесеме заклучок.

Во науката е иднината!

ПС: Овој проект е остварен без никакви надворешни финансии и поддршка, сосема самостојно и волонтерски, од љубов кон науката и вистината, а со желба за напредок и подобар живот за сите.


Подолу пренесуваме една проширена листа на сајтови, медиуми, портали и агрегатори кои се занимаваат со наука или имаат категорија и таг за наука. Наброени се и други популарни сајтови кои воопшто немаат категорија или таг за наука и технологија, а многу од нив немаат ни такви за култура! Колку да ги потсетиме дека освен карлеуши и цеци постојат и други ѕвезди во вселената.

Други МК сајтови за наука

usb.mk • Скопско астрономско друштво • Иновативност • Наука за сите • Енаука • Наука за деца • Емитер

Општи МК сајтови со тагови за наука

Арно • Грид • Факултети • Мотика • Russia Beyond mk • Life • mia.mk • time.mk • AA • crnobelo • mkd •  Off.net • SDK • Шарена марсовка • Слободен печат (наука) • Слободен печат (технологија) • Мета • Мактел • Daily • Marketing.365 • Нова Македонија • Плус Инфо • Кајгана • Окно • Студенти • Магазин • Мета (вселена) • Мета (иновации) • Точка (наука) • Точка (вселена)

Некои интересни странски сајтови за наука и технологија

Wired • Interesting Engineering • Futurism • NASA • Scitable • Space • Nature • Science Direct • How Stuff Works • Science Daily • Scientific American • Smithsonian • New Scientist • Sciencemag • Popsci • Live Science • Physics Central • Science News • NOVA • Discovery • Red Orbit

МК портали и медиуми кои немаат рубрика или таг „наука“:
press24, puls24, a1on, mkd, kurir, libertas, plusinfo, novatv, narodenglas, infomax, vecer, republika…

МК портали и медиуми кои ВООПШТО немаат рубрика или таг „наука“, ни „култура“:
press24, mkd-news, media.mk, brif.mk, netpress (затоа има категорија „секс“!?), lokalno, reporter, fokus, denesen…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *