Баба и дедо, столбот на македонското семејство, се ризикува со отворање на училиштата!

Дали знаете колку семејства живеат од пензијата на нивните родители (т.е. на баба и дедо)? За жал, не постои таква статистика за Македонија, но во соседната Грција според статистиките 35% од населението е сиромашно и главниот приход им се токму пензиите на нивните родители! Во Македонија би се очекувало дека оваа бројка е поголема.

Во едно истражување за перспективите на жените во руралните средини, јасно е истакнато дека: „Пензиите од родители/баби и дедовци е често единствениот сигурен извор на приход за едно семејство. Сепак, некои од нив се плашат дека кога пензионерите ќе починат, нивната финансиска ситуација ќе стане уште потешка.“


Сите знаеме дека младите кај нас многу доцна се осамостојуваат, а тоа го потврдува и последното истражување на статистичката агенција на Европска Унија Еуростат. Но, во недостаток на порелевантни истражувања за целата популација и процентот кој живее со или се потпира на пензиите на нивните родители, ќе мораме да се потпреме на искуството. Многу семејства се потпомогнати финансиски од бабите и дедовците, дури и да не живеат заедно со нив, кои им помагаат околу сметките, секојдневните трошоци, разни потреби на внуците, прехранбени производи кои им ги одгледуваат и слично.

Бабите и дедовците се најчесто ангажирани околу чувањето на внуците, нивно земање од училиште, готвењето, помагањето во домаќинството итн. Тие се најчесто некој вид вработени кај нивните деца и се вистинскиот столб на овие семејства!

Зошто зборуваме за ова? Се разбира, поради високата стапка на смртност кај постарите лица од Ковид-19. Ова се официјалните статистики од Министерство за здравство за Македонија од денес (27.08.2020):

Што мислите дека ќе се случи кога децата ќе почнат да одат на училиште, а бабите и дедовците ќе бидат изложени на вирусите кои децата ги носат, најчесто асимптоматично? Аргументот дека децата се цело лето на улица и на игралишта паѓа во вода кога истите тие ќе се пикнат како експериментални глувчиња во затворен простор со нивните соученици по неколку часа секој ден. Прогнозите секако не се добри, освен ако не сте припадник на теоријата на заговор дека пензионерите се потрошна група на граѓани кои не учествуваат активно во економијата и се терет на буџетот, па подобро би било да се истребат, што би било лудо, нели!?

Затоа сметаме дека онлајн наставата, како еден од механизмите да се заштити оваа популација (а и сите други) е многу значајна, особено за нашата земја, како посиромашна! На оваа тема веќе пишувавме, па прочитајте ги и тие аргументи, меѓу другото:

  • Земјите со ниски приходи се соочуваат со многу различни околности во однос на земјите со високи приходи кога станува збор за повторно отворање на училиштата по карантинот.
  • Во земјите во развој, возрасните и старите лица обично имаат повеќе контакти со деца (внуци) отколку тие во напредните економии.
  • Една нова студија предвидува дека одложувањето на отворањето на училиштата може да спаси животи.

2 thoughts on “Баба и дедо, столбот на македонското семејство, се ризикува со отворање на училиштата!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *