Ако се отворат училиштата има една гаранција – дека наскоро ќе бидат затворени!

Според новинарот на Њујорк Тајмс, Ричард Фoсет (Richard Fausset) веќе 1.193 деца и наставници во еден приградски округ во Атланта се наоѓаат во карантин заради Ковид-19. Тој прашува „Дали е ова успешно повторно отворање на училиште?“

На самиот почеток на училишната година на родителите веднаш им пристигна писмо од д-р Ешли Кенерли, директор на Sixes Elementary School со содржина: „Драги родители, го пишувам ова писмо за да соопштам дека ученик во второ одделение бил позитивен на тест за „Ковид-19“. „Наскоро директорите на 10 други училишта испратија слични писма до семејства во округот Чероки, политички конзервативен дел од предградијата северно од Атланта. Оваа недела беа испратени уште повеќе писма,“ известува Ричард Фаусет.

Севкупно, речиси 1.200 ученици и членови на персоналот од округот веќе се ставени во карантин. Во вторникот, едно средно училиште ги затвори вратите најмалку до 31 август. Друго средно училиште во средата беше следно.

Додека многу од најголемите училишни системи на САД избраа во последните неколку недели да ја започнат академската година онлајн, другите области се залагаа за повторно отворање. Во Џорџија, Тенеси, Мисисипи, Индијана и на други места, некои училишта, главно во приградските и руралните области, се отворени веќе две недели.

Нивното искуство открива опасности за враќање во училниците на места каде што вирусот на Ковид-19 не е под контрола. Учениците и наставниците веднаш излегоа позитивни на тестовите, испраќајќи ги сите заедно во двонеделен карантини. Училиштата кои едвај чекаа да се отворат, веднаш требаа да размислат за затворање!

„Ова е токму она што очекувавме да се случи“, рече Алисон Веб (44), која даде отказ од својата работа како наставник по шпански и француски јазик во областа, поради нејзината загриженост заради повторното отворање на училиштата и која ја стави својата ќерка во програма за далечинско учење. „Не е безбедно да се вратиме во училниците сега,“ вели г-ѓа Веб.

За состојбата во САД можете да прочитате повеќе во текстот на Ричард Фосет, но едно останува сигурно: училниците не се безбедно место за учениците, тие не овозможуваат социјализација и доверба, вредности на кои треба да почиваат меѓучовечките односи, туку страв и недоверба. Во тие услови и учењето е доведено во опасност.

Како што заклучува Миранда Викер, портпарол на групата организирана од Алисон Веб, наречена „Едукатори за здрав разум и безбедност“:

„Наставниците се преплашени. Од нив се бара, буквално, да ги ризикуваат своите животи“.

Но, се чини дека под притисокот на работата и егзистенцијата немаат избор освен да ризикуваат само за да можат да ги платат сметките. Дали кај нас е поинаку? Се сомневам.

За сите овие прашања и проблеми родителите предлагаат едно решение: онлајн настава за сите. За оваа идеја се залага се поголем број на родители, кои се организираат преку социјалните медиуми. Најгласни од нив се членовите на групата ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 година со 11.250 членови и петиција за онлајн настава која ја потпишаа веќе 3.200 луѓе (18.30 часот на 13.08.2020).

One thought on “Ако се отворат училиштата има една гаранција – дека наскоро ќе бидат затворени!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *